::СловоКулт во Котур:: зборовност, визуелност, звучност
::Фотографии од настанот ќе најдете на:: СловoКулт во Котур :: Галерија ::
Настанот на Facebook:: ::СловоКулт во Котур::
современа поезија/текст и уметност ::
потоа::
забава со звуци од независни алтернативни проблесоци од македонската, југословенската и светската музичка продукција::
08.04.19 :: понеделник :: од 20 часот :: Котур ::
читање со проекции на слики според концептот на онлајн-списанието СловоКулт и на фестивалот Slovokult::literARTour што се одржа минатата година во Гевгелија (Бош 10 BOSH Festival), Скопје (Галерија Акантус ) и Берлин (Бротфабрик)
настапуваат: Марија Грубор, Андреј Ал-Асади, Мануела Златкова, Јосип Коцев, Елизабета Линднер Костадиновска и Владимир Лукаш
со проекција на слики од: Дијана Томиќ-Радевска, Катрин Салентин, Касиопеја Наумоска, Ѓорѓе Јовановиќ, Кристијан Крстески, Владимир Лукаш, Хана Хененкемпер и други уметници застапени на СловоКулт…
Ќе имате прилика при одлична музика (диџејска поддршка од Ilija Gile Angeloski), во фина атмосфера и со свежи напитоци:
1. да разгледате еден примерок од повеќејазичната фестивалската антологија што беше испечатена во само 50 примероци во Берлин за Slovokult::literartour во издание на SlovoKult::Literatur Berlin, а која планираме да се реиздаде во мал додатен тираж и во Македонија.
2. и по поволни цени да си ја збогатите библиотеката со извонредни наслови и преводи од германски, кои беа издадени во Блесок, а преведени и приредени од Елизабета Линднер – добитничка на повеќе награди за превод на проза и поезија.
За сите додатни информации ќе ве известиме благовремено:: Се гледаме::