03.10.2021

SlovoKult :: СловоКулт слави современи уметности и роденден ::

На два настани во Берлин ::

Колаж со текст, 2018, од Елизабета Костадиновска (детаљ)

07.10.2021  :: во галеријата Hošek Contemporary (брод на Шпреја) ќе се одржи настанот на кој во стил на биеналето ќе се презентираат мултимедијално и повеќејазично современи текстови :: видео изложба :: звучни пејзажи и концерт ::

Учество со уметнички текстови/поезија ќе земат  :: Мануела Златкова, Џин Атлас, Џек Бајрон и Елизабета Костадиновска (Линднер – која воедно го слави и својот 50-ти роденден) :: Ќе се презентира дел од актуелната изложба на Дијана Томиќ Радевска (видео), дела од други СловоКулт уметници, како и поедини песни од Катица Ќулавкова, Игор Исаковски, Звонко Карановиќ, Александар Кирковски, Софи Рајер, Краус … со оригинално аудио и други јазици во живо ::

За уметноста на звукот и завршен концерт се поканети берлинските уметници ::

:: Мунша – чело ::

:: CNM – аналоген синтисајзер ::

Настанот на ФБ :: SlovoKult celebrates arts & birthday

Das Triadische Balett

 

На 09.10.21 ќе има приватна забава со избрани оригинални видеа од музичката историја – со проекција ::

punk, post punk, alternative rock, gothic rock, YU-punk-rock, industrial, EBM …

загревање со Einzelne  – електрична гитара, текст + импровизиран поетско-танцов џем сешн.

:: Само со покана :: заради ковид…

FaceBook :: Dance out of Now. Dance this! #3 :: Afterparty celebration

На двата настани нема конкретна влезница, туку донации и купување публикации од СловоКулт ::

 

 

23.09.21

СловоКулт во Рига :: фотографски импресии 

Голема благодарност до сите што го овозможија овој настан :: Наскоро ќе ви презентираме текстови и видеа – за ал видео документ од самиот настан нема, но за нас беше прекрасно конечно после една година да имаме настан со публика (последниот беше во Скопје, 2020, за биеналето СловоКулт :: литерАРТура во Гевгелија (Бош фестивал) и Скопје (КИЦ).

На нашиот видео канал ќе најдете видеа :: СловоКулт на Јутјуб

 

СловоКулт „освојува“ поезија од Латвија – преку превод на македонски  

Поезијата можеби нема да го смени светот, но секако менува нешто за малите јазици. Кога ќе се здружат преку современа поезија, стануваат посилни (дури и со малку читатели). Преводот на поезија (и уметнички текст) е една од најважните одлики на проектите што ги води СловоКулт – и како онлајн списание од 2016 (од 2017 и на германски), и со додавката :: литерАРТура како биенале за современи уметности – документирано во повеќејазична антологија со дела од сите учесници (2018 и 2020 Бош Фестивал Гевгелија, Скопје и Берлин). И секако во книжевната едиција, која започна 2020, и која како и други проекти е во соработка со Арт Еквилибрум, насловена како СловоКулт :: Словотека, во која се објавуваат соврмени (или безвремени) повеќејазични поетски изданија со слики од избрани ликовни дела. Досега има четири наслови, а петтиот е веќе во подготовка. Освен високиот квалитет на делата и преводите, целта е исто така проектите да го опфаќаат Балканот (особено бивша Југославија), германското говорно подрачје и да се прошируваат во други земји. Англискиот превод секако игра важна улога, но сепак застапеноста на други јазици е од големо значење, затоа беше реализирана и тријазичната антологија на современа грчка поезија (во македонски превод на Томислав Османли), која е прва од низата што се планираат. 

Идејата и плановите, полека но сигурно, се остваруваат, бидејќи Елизабета Линднер, лицето зад СловоКулт, како реномиран преведувач на современа книжевност беше избрана од страна на Латвиската куќа за писатели и превдувачи во Вентспилс, за стипендијата од програмата Translation in Motion, кофинансирана од фондот на Креативна Европа – преку која книжевно се поврзуваат земји од Западен Балкан со земји од Европската Унија. 

Елизабета Линднер во август и септември престојува во Вентспилс, учи латвиски (специјален курс, скроен по желба и потреба), а со анализа на оригиналниот текст и консултација на други преводи (руски, англиски) и авторите, веќе преведува на македонски (и германски). Неколку нејзини текстови се преведуваат од германски на латвиски, еден од македонски на руски, а и таа преведе неколку песни од руски на македонски – а сите тие ќе бидат претставени на 18.09.21 во Рига, во новиот локал на независната сцена: 1983.  Настанот ќе биде според концептот на СловоКулт* – во повеќејазично и мултимедијално читање – кое вклучува видео од избрани уметнички дела и звуковни пејзажи од уметник во живо (Lee Chapman). Ќе настапат поетите Криста Ана Белшевица (латвиски), Едвинс Раупс (латвиски), Семјон Ханин (руски) и Елизабета Костадиновска (германски, англиски, македонски). Ликовна изложба која е вообичаена за фестивалот, нема да има во Рига, но секако СловоКулт ќе се обиде да „освои“ и современи ликовни уметници и заедно со избрани поети, да ги покани да гостуваат на третото издание на биеналето СловоКулт :: литерАРТура 2022. 

Во Рига овојпат ќе презентираме само куси дела од Перо Георгиев, Александар Кирковски и Мануела Златкова.

Настанот е поддржан од гореспоменатите институции што стојат зад програмата

Македонските читатели ќе можат преведените песни наскоро да ги прочитаат онлајн на овие страници.

Настанот на: Фејсбук

Фестивалската антологија 2020 и насловите од едицијата СловоКулт :: Словотека се достапни во скопските книжарници Полица, Култура и буква, а повеќе информации ќе најдете онлајн: http://www.slovokult.eu/index.php/knigi-vo-knizarnici/ 

Биографија на Елизабета Линднер Костадиновска