:: ИНФО ::

:: Едиција СловоКулт :: Словотека ::

Нашите книжевни изданија во соработка со Арт Еквилибриум :: пет извонредни (од кои четири повеќејазични) поетски збирки со ликовни дела од современи автори од едицијата СловоКулт :: Словотека    – можете да ги најдете во скопските книжарници: Буква, Полица, Култура и Антолог, или пратете ни мејл shop@slovokult-literatur.de ,

освен нив во книжарниците ќе ја најдете и Антологијата од Биеналето СловоКулт :: литерАРТура Берлин 2020,  во која се застапени сите учесници 2020  е целосно отпечатена во боја и е едно мало уметничко дело спакувано во оваа форма од страна на извонредната Дијана Томиќ Радевска :: неколку фотографии од содржините ќе најдете на германскиот онлајн шоп:

:: Фестивалска Антологија 2020

доколку сакате примерок за рецензија или други информации, пратете ни мејл на infoAslovokult.de

:: 31.08.23 ::

:: НАЈАВА :: Скопје радост ти ќе бидеш ♥

:: 21., 22. и 23.09.23 во вашиот град гостува :: СловоКулт :: Берлин

:: ПРОГРАМА :: КИЦ

СловоКулт :: 22.09.23 :: КИЦ :: Скопје

Програма :: Буква

SlovoKult :: Berlin @ Буква – Bookva

Програма :: МКЦ – Здраво млади 

Здраво млади 13 :: 2023

23.02.23

Драги СловоКулт-ни читатели, со голема радост ве известуваме дека СловоКулт и Елизабета Костадиновска беа селектирани за учество на Poetry Expo 23 – и прилозите ќе бидат достапни на страната на www.vesopolis.com според следниот распоред:

Елизабета Костадиновска од 26.02., а СловоКулт од 28.02. па сé до крај на фестивалот.

Прилозите се снимки и документи од преносот на биеналето за современи уметности СловоКулт :: литерАРТура 2020, но и поетско-уметнички видеа со превод или во повеќејазична полифонија, направени според уметничкиот концепт на СловоКулт кој опфаќа текст/визија/звук / – односно книжевна, ликовна и звуковна уметност во мултимедијална изведба.

По тој повод на 02.03.23 од 13 часот во кафе-книжарницата Буква ќе има проекција на овие прилози и специјална понуда на нашите книжевни изданија од едицијата СловоКулт :: Словотека – која е двојазична/тријазична и која досега брои пет извонредни наслови – Р.М. Рилке, Краус/Crauss, Софи Рајер/Reyer, Елизабета Линднер Костадиновска и Антологија на современа грчка поезија, – во издание на СловоКулт Берлин и Арт Еквилибриум.

Повеќе на: http://www.slovokult.eu/index.php/slovokult-slovoteka-slovothek/

Во специјална понуда е и фестивалската антологија :: СловоКулт :: литерАРТура 2020, каде се застапени сите учесници на фестивалот (автори и ликовни уметници).

Вечерта ќе ги емитуваме и снимките од концертите од фестивалот СловоКулт :: литерАРТура во Берлин 2020, а и ќе пуштаме некоја соодветна музика за соодветна атмосфера и поетско расположение.

ФБ настан: https://fb.me/e/2wd8EzPJy

08.02.23

НАСКОРО :: информации за нашетo учество на POETRY EXPO 23 ::

Едно од видеата кои ќе бидат презентирани ::

03.01.23

Среќна Нова 2023 година! 

Ви посакуваме извонредни стихови и уметнички дела, реални, фиктивни, надреални и други убавини за духот :: и секако безмерно здравје и виталност за телото ::

:: наскоро повеќе во врска со нашите активности :: до тогаш да ве потсетиме ::

повеќејазичната полифонија, која веќе стана специјалност на :: СловоКулт :: потекнува од уметноста на Елизабета Линднер Костадиновска :: еве уште едно парче поетски и уметнички „трип“ ::

 

 

21.12.22

 Во новиот број на Counterpoint 8 :: во издание на Европскиот сојуз на здруженија за книжевни преведувачи :: CEATL :: Conseil Européen des Associations de Traducteurs Littéraires, на страна 30-33 ќе најдете текст од Елизабета Линднер за превод на поезија преку учење нов јазик :: како и за специјалноста на повеќејазична полифонија која е дел од концептот на биеналето за современи уметности ::

СловоКулт :: литерАРТура 

Списанието на англиски ќе го најдете како ПДФ на следниот линк ::

:: Counterpoint No.8 by CEATL ::

Наскоро текстот ќе биде преведен на македонски, а и ќе објавиме уште еден од тие преводи во нашата рубрика :: Стихотворба и Слика :: останете поврзани

 

 

 

14.12.22

Се сеќаваме на В.Г. Зебалд :: починат на 14.12.2001 – преку македонскиот превод на написот ::

:: Напис :: препорака на романот :: Прстените на Сатурн од В.Г. Зебалд за Literaturport.de 

2021 – оригинал на германски :: од Елизабета Линднер Костадиновска

како и извадок од романот :: ексклузивно за читателите на СловоКулт ♥

Прстените на Сатурн. Англиско поклонение. Прво поглавје.

13.12.22

КОНЕЧНО во книжарниците::

Антолог, Полица, Буква и Култура

и петтиот наслов од едицијата СловоКулт :: Словотека 

::04:: Софи Рајер :: Sophie Reyer :: Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik

ликовни дела: Иван Ивановски

македонски превод: Елизабета Линднер

едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак

Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2022

 

12.12.22

Годишна публикација на Куќата за преведувачи и писатели во Вентспилс, Латвија

во која се застапени македонски преводи од латвиски и руски на песни од латвиските поети :: Криста Ана Белешевица, Едвинс Раупс и Семјон Ханин  

како и (една песна на три јазика, германски, македонски) и латвиски превод (од германски) од Криста Ана Белшевица на вкупно три песни од Елизабета Линднер Костадиновска

Оваа соработка беше навистина интензивна и плодна – со настан во Рига – за кој веќе известивме во септември 2021 година кога Елизабета Линднер имаше стипендсиски престој за работа на проектот – види подолу – и ќе остави простор за заеднички проекти и културна и книжевна размена во иднина.

24.10.22

:: СловоКулт :: важна објава :: 

Конечно ви го презентираме во целост третиот германски текст (со македонски и англиски превод) од Биеналето СловоКулт :: литерАРТура Берлин 2020, кој е достапен во принт – како краток тријазичен извадок заедно со  останатите текстови и уметничките дела во фестивалската антологијата.

 :: Фестивалска Антологија 2020

Дел од изложбата, Берлин, АКУД Театар, 2020

 


Рон Винклер :: Алпска пречка 

со уметничко дело од Иван Ивановски 

 

 

 

Текстот е дел од циклус песни, кој на германски излезе 2021 под наслов Magma in den Dingen (Магма во нештата), Gedichte. Schöffling & Co

Превод на македонски: Елизабета Линднер

Превод на англиски: Лиса Робертсон со Бредли Шмит

Рон Винклер е берлински автор, преведувач и уредник на книжевни изданија, еден од најистакнатите германски поети од помладата генерација (1972) и е добитник на повеќе престижни награди за книжевност. Бидејќи нас наградите ни се бонус, но не се пресудни за изборот на авторите, ќе ве оставиме за нив да прочитате на Википедија, а кај нас можете да ја конзумирате уметноста во нејзината најчиста форма без биографски и други додатоци.

Текстот што ви го презентираме е понов и изобилува со неологизми и необични изрази, кои се ставени во контекст на природа како што навестува и насловот, Алпска пречка, ги надополнуваат описите, што се исто така магично изобличени, и ја пренесуваат емотивната, духовната и мисловната состојба на поетскиот глас / нараторот.

Сликите на Иван Ивановски (во видеото за фестивалскиот настап и на Дијана Томиќ Радевска) одлично се вклопија во атмосферата на текстот, која звучно ја дообликуваа момците од poesi fyisik – видео од преносот на фестивалот преку стрим ќе најдете на крајот од прилогот сместен во рубриката :: Стихотворба и Слика ::

 

На 21. и 22.09.2022

одржавме два настана на СловоКулт :: за презентација на наши активности и уметности ::

21.09. во Буква :: каде имавме мала изложба со дела од Иван Ивановски, Ана Трајковска, Дијана Томиќ Радевска и Елизабета Линднер Костадиновска ::

Мануела Златкова и Елизабета Линднер презентираа и читаа свои како и стихови од поетите застапени на СловоКулт.

Неколку импресии од настанот / фотографии од Марсо

22.09. во Котур  каде уживавме во презентацијата на нашите содржини со наши автори и уметници ::

Во живо ::

Мануела Златкова, Јовица Ивановски, Владимир Лукаш – кои се со СловоКулт од самиот почеток и кои ќе останат застапени во сите наши идни проекти. Нашите „нови“ СловоКулт-ни уметници: младата поетеса Теа Стојановска, која токму на овој настан го имаше својот прв настап со свои песни и со поддршка од ГЛАСОТ на Зоран Тортевски (Мизар).
Мартин Георгиевски или Amplidyne Effect, звуковен уметник од Скопје, кој максимално го разубави нашиот настан.
Елизабета Л. Костадиновска Elizabeta Kostadinovska прикажа дел од своите мултимедијални поетски перформанси ::
Огромна благодарност до публиката – отворена за „нешто поинакво“, која нЕ поддржа со својот интерес и со купување книги

01.07.2022

Голема чест и радост ни беше да го презентираме СловоКулт на настанот за презентација на независни книжевни проекти кој на 01.07.2022 се одржа во Литературниот колоквиум Берлин ::

Видео запис од настапот :: читаат ::

Елизабета Линднер Костадиновска и Брита Авалон Кагелс

Концепт и видео+звук илустрација за мултимедијална презентација со дела од СловоКулт – Уметници :: Елизабета Линднер

08. + 09.06.2022

:: Напис во АРНО ::

03.05.2022

СловоКулт :: во најава ::

Иван Ивановски, (пробна) црно-бела варијанта со наслов на едно поглавје

:: новото  вонвремено или безвремено двојазично издание од едицијата

СловоКулт :: Словотека ::05::

Софи Рајер :: Sophie Reyer

Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik

со седум ликовни дела од: Иван Ивановски

:: двојазично издание ::

германски :: македонски превод: Елизабета Линднер

a едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак

во издание на: Арт Еквилибриум и СловоКулт Берлин

2022

приредила :: Елизабета Линднер

за издавачот :: Марија Стојанова

Ова книжевно издание е поддржано од ::

           

:: Преводот од германски на македонски беше поддржан со престижна стипендија за Елизабета Линднер доделена од Германскиот фонд за преведувачи и финансирана со средства од програмата Neustart Kultur и Претставничката на сојузната влада за култура и медиуми, а изданието за Арт Еквилибриум го поддржува Министерството за култура на Р.С. Македонија.

На онлајн списанијата СловоКулт :: SlovoKult (DE) ви презентираме две песни содржани во првото поглавје, кое е тријазично и едно од делата на Иван Ивановски содржани во книгата (7 + насловна).

:: Софи Рајер :: Иван Ивановски ::

traum panorama :: соновна панорама :: dream panorama

tropfenpalaver :: дрдор на капки :: drip-dropping

 

Кратка биографија на авторката :: Софи Рајер 

 

:: 2021 ::

03.10.2021

SlovoKult :: СловоКулт слави современи уметности и роденден ::

На два настани во Берлин ::

Колаж со текст, 2018, од Елизабета Костадиновска (детаљ)

07.10.2021  :: во галеријата Hošek Contemporary (брод на Шпреја) ќе се одржи настанот на кој во стил на биеналето ќе се презентираат мултимедијално и повеќејазично современи текстови :: видео изложба :: звучни пејзажи и концерт ::

Учество со уметнички текстови/поезија ќе земат  :: Мануела Златкова, Џин Атлас, Џек Бајрон и Елизабета Костадиновска (Линднер – која воедно го слави и својот 50-ти роденден) :: Ќе се презентира дел од актуелната изложба на Дијана Томиќ Радевска (видео), дела од други СловоКулт уметници, како и поедини песни од Катица Ќулавкова, Игор Исаковски, Звонко Карановиќ, Александар Кирковски, Софи Рајер, Краус … со оригинално аудио и други јазици во живо ::

За уметноста на звукот и завршен концерт се поканети берлинските уметници ::

:: Мунша – чело ::

:: CNM – аналоген синтисајзер ::

Настанот на ФБ :: SlovoKult celebrates arts & birthday

Das Triadische Balett

 

На 09.10.21 ќе има приватна забава со избрани оригинални видеа од музичката историја – со проекција ::

punk, post punk, alternative rock, gothic rock, YU-punk-rock, industrial, EBM …

:: Само со покана :: заради ковид…

На двата настани нема конкретна влезница, туку донации и купување публикации од СловоКулт ::

 

 

23.09.21

СловоКулт во Рига :: фотографски импресии 

Голема благодарност до сите што го овозможија овој настан :: Наскоро ќе ви презентираме текстови и видеа – за ал видео документ од самиот настан нема, но за нас беше прекрасно конечно после една година да имаме настан со публика (последниот беше во Скопје, 2020, за биеналето СловоКулт :: литерАРТура во Гевгелија (Бош фестивал) и Скопје (КИЦ).

На нашиот видео канал ќе најдете видеа :: СловоКулт на Јутјуб

 

СловоКулт „освојува“ поезија од Латвија – преку превод на македонски  

Поезијата можеби нема да го смени светот, но секако менува нешто за малите јазици. Кога ќе се здружат преку современа поезија, стануваат посилни (дури и со малку читатели). Преводот на поезија (и уметнички текст) е една од најважните одлики на проектите што ги води СловоКулт – и како онлајн списание од 2016 (од 2017 и на германски), и со додавката :: литерАРТура како биенале за современи уметности – документирано во повеќејазична антологија со дела од сите учесници (2018 и 2020 Бош Фестивал Гевгелија, Скопје и Берлин). И секако во книжевната едиција, која започна 2020, и која како и други проекти е во соработка со Арт Еквилибрум, насловена како СловоКулт :: Словотека, во која се објавуваат соврмени (или безвремени) повеќејазични поетски изданија со слики од избрани ликовни дела. Досега има четири наслови, а петтиот е веќе во подготовка. Освен високиот квалитет на делата и преводите, целта е исто така проектите да го опфаќаат Балканот (особено бивша Југославија), германското говорно подрачје и да се прошируваат во други земји. Англискиот превод секако игра важна улога, но сепак застапеноста на други јазици е од големо значење, затоа беше реализирана и тријазичната антологија на современа грчка поезија (во македонски превод на Томислав Османли), која е прва од низата што се планираат. 

Идејата и плановите, полека но сигурно, се остваруваат, бидејќи Елизабета Линднер, лицето зад СловоКулт, како реномиран преведувач на современа книжевност беше избрана од страна на Латвиската куќа за писатели и превдувачи во Вентспилс, за стипендијата од програмата Translation in Motion, кофинансирана од фондот на Креативна Европа – преку која книжевно се поврзуваат земји од Западен Балкан со земји од Европската Унија. 

Елизабета Линднер во август и септември престојува во Вентспилс, учи латвиски (специјален курс, скроен по желба и потреба), а со анализа на оригиналниот текст и консултација на други преводи (руски, англиски) и авторите, веќе преведува на македонски (и германски). Неколку нејзини текстови се преведуваат од германски на латвиски, еден од македонски на руски, а и таа преведе неколку песни од руски на македонски – а сите тие ќе бидат претставени на 18.09.21 во Рига, во новиот локал на независната сцена: 1983.  Настанот ќе биде според концептот на СловоКулт* – во повеќејазично и мултимедијално читање – кое вклучува видео од избрани уметнички дела и звуковни пејзажи од уметник во живо (Lee Chapman). Ќе настапат поетите Криста Ана Белшевица (латвиски), Едвинс Раупс (латвиски), Семјон Ханин (руски) и Елизабета Костадиновска (германски, англиски, македонски). Ликовна изложба која е вообичаена за фестивалот, нема да има во Рига, но секако СловоКулт ќе се обиде да „освои“ и современи ликовни уметници и заедно со избрани поети, да ги покани да гостуваат на третото издание на биеналето СловоКулт :: литерАРТура 2022. 

Во Рига овојпат ќе презентираме само куси дела од Перо Георгиев, Александар Кирковски и Мануела Златкова.

Настанот е поддржан од гореспоменатите институции што стојат зад програмата

Македонските читатели ќе можат преведените песни наскоро да ги прочитаат онлајн на овие страници.

Настанот на: Фејсбук

Фестивалската антологија 2020 и насловите од едицијата СловоКулт :: Словотека се достапни во скопските книжарници Полица, Култура и буква, а повеќе информации ќе најдете онлајн: http://www.slovokult.eu/index.php/knigi-vo-knizarnici/ 

Биографија на Елизабета Линднер Костадиновска