:: Јосип Коцев ::

 

 МАЛА СМРТ

 

Звучиш како време

што тропнало после животот,

како врата што му се отворила

на ветровито отсуство,

како пламнато тело

што ѝ се разголило на стара немоќ.

Звучиш како случаен разговор

потслушнат од телефонскиот двојник

во време што ѕвони после животот,

како мачно двоумење,

како гласно задоцнување,

како горко разминување.

Од пукнатините на сè што живее

се јавува твојата мала смрт.

Сјаеш за миг, сè ѕвони

и те повикува да дојдеш и да расцветаш.

Од старите говорници висат слушалки

со пропуштени повици.

На друг свет сè погласно одекнуваат

чекорите од твоето пристигнување.

 

:: Паул Кле:: Волшебен театар :: 1923

Paul Klee, Zaubertheater, 1923