:: ИНФО ::
:: Едиција СловоКулт :: Словотека ::
Нашите книжевни изданија во соработка со Арт Еквилибриум :: пет извонредни (од кои четири повеќејазични) поетски збирки со ликовни дела од современи автори од едицијата СловоКулт :: Словотека – можете да ги најдете во скопските книжарници: Буква, Полица, Култура и Антолог, или пратете ни мејл shop@slovokult-literatur.de ,
освен нив во книжарниците ќе ја најдете и Антологијата од Биеналето СловоКулт :: литерАРТура Берлин 2020, во која се застапени сите учесници 2020 е целосно отпечатена во боја и е едно мало уметничко дело спакувано во оваа форма од страна на извонредната Дијана Томиќ Радевска :: неколку фотографии од содржините ќе најдете на германскиот онлајн шоп:
:: Фестивалска Антологија 2020
доколку сакате примерок за рецензија или други информации, пратете ни мејл на infoAslovokult.de
:: 31.08.23 ::
:: НАЈАВА :: Скопје радост ти ќе бидеш ♥
:: 21., 22. и 23.09.23 во вашиот град гостува :: СловоКулт :: Берлин
:: ПРОГРАМА :: КИЦ
Програма :: Буква
Програма :: МКЦ – Здраво млади
23.02.23
Драги СловоКулт-ни читатели, со голема радост ве известуваме дека СловоКулт и Елизабета Костадиновска беа селектирани за учество на Poetry Expo 23 – и прилозите ќе бидат достапни на страната на www.vesopolis.com според следниот распоред:
Елизабета Костадиновска од 26.02., а СловоКулт од 28.02. па сé до крај на фестивалот.
Прилозите се снимки и документи од преносот на биеналето за современи уметности СловоКулт :: литерАРТура 2020, но и поетско-уметнички видеа со превод или во повеќејазична полифонија, направени според уметничкиот концепт на СловоКулт кој опфаќа текст/визија/звук / – односно книжевна, ликовна и звуковна уметност во мултимедијална изведба.
По тој повод на 02.03.23 од 13 часот во кафе-книжарницата Буква ќе има проекција на овие прилози и специјална понуда на нашите книжевни изданија од едицијата СловоКулт :: Словотека – која е двојазична/тријазична и која досега брои пет извонредни наслови – Р.М. Рилке, Краус/Crauss, Софи Рајер/Reyer, Елизабета Линднер Костадиновска и Антологија на современа грчка поезија, – во издание на СловоКулт Берлин и Арт Еквилибриум.
Повеќе на: http://www.slovokult.eu/index.php/slovokult-slovoteka-slovothek/
Во специјална понуда е и фестивалската антологија :: СловоКулт :: литерАРТура 2020, каде се застапени сите учесници на фестивалот (автори и ликовни уметници).
Вечерта ќе ги емитуваме и снимките од концертите од фестивалот СловоКулт :: литерАРТура во Берлин 2020, а и ќе пуштаме некоја соодветна музика за соодветна атмосфера и поетско расположение.
ФБ настан: https://fb.me/e/2wd8EzPJy
08.02.23
НАСКОРО :: информации за нашетo учество на POETRY EXPO 23 ::
Едно од видеата кои ќе бидат презентирани ::
03.01.23
Среќна Нова 2023 година!
Ви посакуваме извонредни стихови и уметнички дела, реални, фиктивни, надреални и други убавини за духот :: и секако безмерно здравје и виталност за телото ::
:: наскоро повеќе во врска со нашите активности :: до тогаш да ве потсетиме ::
повеќејазичната полифонија, која веќе стана специјалност на :: СловоКулт :: потекнува од уметноста на Елизабета Линднер Костадиновска :: еве уште едно парче поетски и уметнички „трип“ ::
21.12.22
Во новиот број на Counterpoint 8 :: во издание на Европскиот сојуз на здруженија за книжевни преведувачи :: CEATL :: Conseil Européen des Associations de Traducteurs Littéraires, на страна 30-33 ќе најдете текст од Елизабета Линднер за превод на поезија преку учење нов јазик :: како и за специјалноста на повеќејазична полифонија која е дел од концептот на биеналето за современи уметности ::
Списанието на англиски ќе го најдете како ПДФ на следниот линк ::
:: Counterpoint No.8 by CEATL ::
Наскоро текстот ќе биде преведен на македонски, а и ќе објавиме уште еден од тие преводи во нашата рубрика :: Стихотворба и Слика :: останете поврзани
14.12.22
Се сеќаваме на В.Г. Зебалд :: починат на 14.12.2001 – преку македонскиот превод на написот ::
:: Напис :: препорака на романот :: Прстените на Сатурн од В.Г. Зебалд за Literaturport.de
2021 – оригинал на германски :: од Елизабета Линднер Костадиновска
како и извадок од романот :: ексклузивно за читателите на СловоКулт ♥
Прстените на Сатурн. Англиско поклонение. Прво поглавје.
13.12.22
КОНЕЧНО во книжарниците::
Антолог, Полица, Буква и Култура
и петтиот наслов од едицијата СловоКулт :: Словотека
::04:: Софи Рајер :: Sophie Reyer :: Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik
ликовни дела: Иван Ивановски
македонски превод: Елизабета Линднер
едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак
Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2022
12.12.22
Годишна публикација на Куќата за преведувачи и писатели во Вентспилс, Латвија
во која се застапени македонски преводи од латвиски и руски на песни од латвиските поети :: Криста Ана Белешевица, Едвинс Раупс и Семјон Ханин
како и (една песна на три јазика, германски, македонски) и латвиски превод (од германски) од Криста Ана Белшевица на вкупно три песни од Елизабета Линднер Костадиновска
Оваа соработка беше навистина интензивна и плодна – со настан во Рига – за кој веќе известивме во септември 2021 година кога Елизабета Линднер имаше стипендсиски престој за работа на проектот – види подолу – и ќе остави простор за заеднички проекти и културна и книжевна размена во иднина.
24.10.22
:: СловоКулт :: важна објава ::
Конечно ви го презентираме во целост третиот германски текст (со македонски и англиски превод) од Биеналето СловоКулт :: литерАРТура Берлин 2020, кој е достапен во принт – како краток тријазичен извадок заедно со останатите текстови и уметничките дела во фестивалската антологијата.
:: Фестивалска Антологија 2020
со уметничко дело од Иван Ивановски
Текстот е дел од циклус песни, кој на германски излезе 2021 под наслов Magma in den Dingen (Магма во нештата), Gedichte. Schöffling & Co
Превод на македонски: Елизабета Линднер
Превод на англиски: Лиса Робертсон со Бредли Шмит
Рон Винклер е берлински автор, преведувач и уредник на книжевни изданија, еден од најистакнатите германски поети од помладата генерација (1972) и е добитник на повеќе престижни награди за книжевност. Бидејќи нас наградите ни се бонус, но не се пресудни за изборот на авторите, ќе ве оставиме за нив да прочитате на Википедија, а кај нас можете да ја конзумирате уметноста во нејзината најчиста форма без биографски и други додатоци.
Текстот што ви го презентираме е понов и изобилува со неологизми и необични изрази, кои се ставени во контекст на природа како што навестува и насловот, Алпска пречка, ги надополнуваат описите, што се исто така магично изобличени, и ја пренесуваат емотивната, духовната и мисловната состојба на поетскиот глас / нараторот.
Сликите на Иван Ивановски (во видеото за фестивалскиот настап и на Дијана Томиќ Радевска) одлично се вклопија во атмосферата на текстот, која звучно ја дообликуваа момците од poesi fyisik – видео од преносот на фестивалот преку стрим ќе најдете на крајот од прилогот сместен во рубриката :: Стихотворба и Слика ::
На 21. и 22.09.2022
одржавме два настана на СловоКулт :: за презентација на наши активности и уметности ::
21.09. во Буква :: каде имавме мала изложба со дела од Иван Ивановски, Ана Трајковска, Дијана Томиќ Радевска и Елизабета Линднер Костадиновска ::
Мануела Златкова и Елизабета Линднер презентираа и читаа свои како и стихови од поетите застапени на СловоКулт.
22.09. во Котур каде уживавме во презентацијата на нашите содржини со наши автори и уметници ::
Во живо ::
01.07.2022
Голема чест и радост ни беше да го презентираме СловоКулт на настанот за презентација на независни книжевни проекти кој на 01.07.2022 се одржа во Литературниот колоквиум Берлин ::
Видео запис од настапот :: читаат ::
Елизабета Линднер Костадиновска и Брита Авалон Кагелс
Концепт и видео+звук илустрација за мултимедијална презентација со дела од СловоКулт – Уметници :: Елизабета Линднер
08. + 09.06.2022
:: Напис во АРНО ::
03.05.2022
СловоКулт :: во најава ::
:: новото вонвремено или безвремено двојазично издание од едицијата
СловоКулт :: Словотека ::05::
Софи Рајер :: Sophie Reyer
Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik
со седум ликовни дела од: Иван Ивановски
:: двојазично издание ::
германски :: македонски превод: Елизабета Линднер
a едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак
во издание на: Арт Еквилибриум и СловоКулт Берлин
2022
приредила :: Елизабета Линднер
за издавачот :: Марија Стојанова
Ова книжевно издание е поддржано од ::
:: Преводот од германски на македонски беше поддржан со престижна стипендија за Елизабета Линднер доделена од Германскиот фонд за преведувачи и финансирана со средства од програмата Neustart Kultur и Претставничката на сојузната влада за култура и медиуми, а изданието за Арт Еквилибриум го поддржува Министерството за култура на Р.С. Македонија.
На онлајн списанијата СловоКулт :: SlovoKult (DE) ви презентираме две песни содржани во првото поглавје, кое е тријазично и едно од делата на Иван Ивановски содржани во книгата (7 + насловна).
:: Софи Рајер :: Иван Ивановски ::
traum panorama :: соновна панорама :: dream panorama
tropfenpalaver :: дрдор на капки :: drip-dropping
Кратка биографија на авторката :: Софи Рајер
:: 2021 ::
03.10.2021
SlovoKult :: СловоКулт слави современи уметности и роденден ::
На два настани во Берлин ::
07.10.2021 :: во галеријата Hošek Contemporary (брод на Шпреја) ќе се одржи настанот на кој во стил на биеналето ќе се презентираат мултимедијално и повеќејазично современи текстови :: видео изложба :: звучни пејзажи и концерт ::
Учество со уметнички текстови/поезија ќе земат :: Мануела Златкова, Џин Атлас, Џек Бајрон и Елизабета Костадиновска (Линднер – која воедно го слави и својот 50-ти роденден) :: Ќе се презентира дел од актуелната изложба на Дијана Томиќ Радевска (видео), дела од други СловоКулт уметници, како и поедини песни од Катица Ќулавкова, Игор Исаковски, Звонко Карановиќ, Александар Кирковски, Софи Рајер, Краус … со оригинално аудио и други јазици во живо ::
За уметноста на звукот и завршен концерт се поканети берлинските уметници ::
:: Мунша – чело ::
:: CNM – аналоген синтисајзер ::
Настанот на ФБ :: SlovoKult celebrates arts & birthday
На 09.10.21 ќе има приватна забава со избрани оригинални видеа од музичката историја – со проекција ::
punk, post punk, alternative rock, gothic rock, YU-punk-rock, industrial, EBM …
:: Само со покана :: заради ковид…
На двата настани нема конкретна влезница, туку донации и купување публикации од СловоКулт ::
23.09.21
СловоКулт во Рига :: фотографски импресии
Голема благодарност до сите што го овозможија овој настан :: Наскоро ќе ви презентираме текстови и видеа – за ал видео документ од самиот настан нема, но за нас беше прекрасно конечно после една година да имаме настан со публика (последниот беше во Скопје, 2020, за биеналето СловоКулт :: литерАРТура во Гевгелија (Бош фестивал) и Скопје (КИЦ).
На нашиот видео канал ќе најдете видеа :: СловоКулт на Јутјуб
СловоКулт „освојува“ поезија од Латвија – преку превод на македонски
Поезијата можеби нема да го смени светот, но секако менува нешто за малите јазици. Кога ќе се здружат преку современа поезија, стануваат посилни (дури и со малку читатели). Преводот на поезија (и уметнички текст) е една од најважните одлики на проектите што ги води СловоКулт – и како онлајн списание од 2016 (од 2017 и на германски), и со додавката :: литерАРТура како биенале за современи уметности – документирано во повеќејазична антологија со дела од сите учесници (2018 и 2020 Бош Фестивал Гевгелија, Скопје и Берлин). И секако во книжевната едиција, која започна 2020, и која како и други проекти е во соработка со Арт Еквилибрум, насловена како СловоКулт :: Словотека, во која се објавуваат соврмени (или безвремени) повеќејазични поетски изданија со слики од избрани ликовни дела. Досега има четири наслови, а петтиот е веќе во подготовка. Освен високиот квалитет на делата и преводите, целта е исто така проектите да го опфаќаат Балканот (особено бивша Југославија), германското говорно подрачје и да се прошируваат во други земји. Англискиот превод секако игра важна улога, но сепак застапеноста на други јазици е од големо значење, затоа беше реализирана и тријазичната антологија на современа грчка поезија (во македонски превод на Томислав Османли), која е прва од низата што се планираат.
Идејата и плановите, полека но сигурно, се остваруваат, бидејќи Елизабета Линднер, лицето зад СловоКулт, како реномиран преведувач на современа книжевност беше избрана од страна на Латвиската куќа за писатели и превдувачи во Вентспилс, за стипендијата од програмата Translation in Motion, кофинансирана од фондот на Креативна Европа – преку која книжевно се поврзуваат земји од Западен Балкан со земји од Европската Унија.
Елизабета Линднер во август и септември престојува во Вентспилс, учи латвиски (специјален курс, скроен по желба и потреба), а со анализа на оригиналниот текст и консултација на други преводи (руски, англиски) и авторите, веќе преведува на македонски (и германски). Неколку нејзини текстови се преведуваат од германски на латвиски, еден од македонски на руски, а и таа преведе неколку песни од руски на македонски – а сите тие ќе бидат претставени на 18.09.21 во Рига, во новиот локал на независната сцена: 1983. Настанот ќе биде според концептот на СловоКулт* – во повеќејазично и мултимедијално читање – кое вклучува видео од избрани уметнички дела и звуковни пејзажи од уметник во живо (Lee Chapman). Ќе настапат поетите Криста Ана Белшевица (латвиски), Едвинс Раупс (латвиски), Семјон Ханин (руски) и Елизабета Костадиновска (германски, англиски, македонски). Ликовна изложба која е вообичаена за фестивалот, нема да има во Рига, но секако СловоКулт ќе се обиде да „освои“ и современи ликовни уметници и заедно со избрани поети, да ги покани да гостуваат на третото издание на биеналето СловоКулт :: литерАРТура 2022.
Во Рига овојпат ќе презентираме само куси дела од Перо Георгиев, Александар Кирковски и Мануела Златкова.
Настанот е поддржан од гореспоменатите институции што стојат зад програмата
Македонските читатели ќе можат преведените песни наскоро да ги прочитаат онлајн на овие страници.
Настанот на: Фејсбук
Фестивалската антологија 2020 и насловите од едицијата СловоКулт :: Словотека се достапни во скопските книжарници Полица, Култура и буква, а повеќе информации ќе најдете онлајн: http://www.slovokult.eu/index.php/knigi-vo-knizarnici/
Биографија на Елизабета Линднер Костадиновска