:: ЕДИЦИЈА ::
СловоКулт :: Словотека
SlovoKult :: Slovothek
Видео на македонски :: на нашата страна на ФБ
Едицијата СловоКулт :: Словотека настана во соработка меѓу Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, а во неа ќе објавуваме збирки поезија на македонски, двојазични и повеќејазични, меѓу кои и антологии (А) од повеќе автори. Понатаму планираме да ја прошириме и со преведена проза (П).
Во секоја збирка ќе бидат застапени и одбрани уметнички дела, што е во склоп на концептот на онлајн списанието СловоКулт.
Главен уредник и приредувач на едицијата е :: Елизабета Линднер ::
Нашата цел е поезијата и уметноста да им ги препуштиме на читателите без сугестии, нивните впечатоци и чувства се оние кои ќе сведочат за убавината и квалитетот на делото – затоа нема да најдете поговор. Биографии од авторите и осврти кон нашите изданија ќе имате прилика да прочитате на :: www.slovokult.eu ::
Објавата на насловите од едицијата е поддржана од Министерство за култура на Р.С. Македонија.
Во издание на :: Арт Еквилибриум & SlovoKult :: Literatur/a Berlin
:: Информации за продажба ::
на насловите :: Поезија ::
:: 2020 ::
:: 01 :: Рајнер Марија Рилке :: Избрана поезија (македонски, со слики од Катрин Салентин, Елизабета Линднер Костадиновска и Дијана Томиќ Радевска)
превод од германски :: Елизабета Линднер
Арт Еквилибриум, 2020
:: 02 :: Краус :: Crauss :: Blackbox :: избрана поезија на македонски, германски и англиски, со цртежи од Ирена Паскали
превод на македонски :: Елизабета Линднер
превод на англиски :: Марк Канак
Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2020
:: 03 :: Елизабета Линднер Костадиновска :: Двоински на гости кај бескрајната прoвалија :: избрана поезија на македонски, германски и делумно англиски, дополнета со колор слики од колажи со текстови и други визуелно-текстуално експериментални дела на авторката
Превод на македонски и обратно :: авторката
Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2020
:: А1 :: Антологија на современа грчка поезија :: (20 автори, македонски, грчки и англиски, со илустрации од Дијана Томиќ Радевска)
превод од грчки :: Томислав Османли
Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2020
:: 2022 ::
::04:: Софи Рајер :: Sophie Reyer :: Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik
ликовни дела: Иван Ивановски
македонски превод: Елизабета Линднер
едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак
Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2022
Првите импресии :: 2020
:: :: :: :: :: :: ::