Став наместо Страв

Ставови и стравови имаме сите, можеби повеќе стравови отколку ставови, што е навистина жално. Во дваесет и први век би било редно и логично да се надминат стравовите и да се зајакнат ставовите, но тоа некако не се случува. Со оваа рубрика веројатно нема да промениме многу, ама затоа ќе се обидеме да презентираме ставови на различни теми. Повикани сте и вие да ни испраќате цврсти, интересни и критични ставови на книжевни, уметнички или културно-општествено-политички теми. Никако само политички и само општествени! Нека бидат најмногу 1-2 нормирани страни. Испратете ни на info(at)slovokult.eu со назнака: став – stav, доколку сакате може да останете анонимни.

Бидејќи се залагаме за квалитетна поезија и уметност, а се залагаме и општо за квалитет во литературата, ќе започнеме со неколку ставови  во однос на тоа.

::01:: Книжевноста денес:: нејзината индустрија и пазар:: 
::02:: Дистописка слика за Македонија