::Став наместо Страв::
:: 7 :: Corona :: reality check :: 2 :: нашиот страв е наша неправда ИЛИ со нови сознанија до поправедна сегашност и подобра иднина
карантинско продолжение на :: 1 :: критичкиот осврт од 23.03.20 ::
и во најново продолжение на ова :: 3 :: Критички осврт од 23.06.20
16.04.20
од :: Елизабета Линднер ::
© :: сите права задржани :: текстот, ни во целост ни во делови, не смее да се преземе без одобрение од авторката.
Се наоѓаме во глобален коронијален хаос и се обидуваме да мислиме. Во карантин, се разбира. Мене ми е малку полесно, бидејќи во Германија мерките не се престроги и паниката и стравот не се на толку алармантно ниво како во Македонија – и навистина не ми е сеедно за тоа, дури ни од далечина. Начинот на информирање и квалитетот на информации се катастрофални, како и целата ситуација – и во Македонија и во Германија и на други места. Но сепак овде постојат независни медиуми, кои се трудат да изнесат и информации кои тешко стигнуваат до “водечките” медиуми, бидејќи не се во согласност со она што владите и нивните гласници имаат да го соопштат. Нема да коментирам, а и нема да станам ни груба ни сентиментална, ќе ви раскажам неколку работи од овде, Берлин и Германија.
Првата е дека во болниците нема доволно заштитна опрема за болничарите, вработените па ни за докторите, значи несразмерни околности онаму, каде што тие треба да функционираат беспрекорно. Луѓето се преморени и повеќето и заразени, па некои во карантин, некои не, зависи – и воопшто не им е лесно, но сепак, не се прави многу да се подобрат тие услови. Има и повеќе од доволно слободи болнички кревети, но капацитетите на вработените се од горенаведените причини преоптеретени. Овој факт може да се истражи, има повеќе прилози по гермаснките медиуми. Една критика која мене ми остави особен впечаток, која вели дека “болеста е сериозна, но ние направивме катастрофа од неа” :: во онлајн изданието на Фрајтаг (Freitag) ::
Второ, еве една и подобра вест, некои градови и покраини исплатија извесна сума пари за самостални, хонорарци и уметници, како и за мали и средни фирми, што е за поздравување. За жал, сепак многумина беа принудени да поднесат барање за социјална помош или како што тоа овде се нарекува Hartz IV (Харц фиер) или “основна издршка”, а тоа наскоро ќе ги направи сиромашни и зависни од државата. Условите општо се отежнати, но сепак луѓето можат да одат на прошетка и да возат точак, па дури и да седат по паркови – иако некое време и тоа беше дискутирано па и накратко забрането. Исто така беа насилно растурани неколку помали протести во повеќе градови :: еве едно видео :: за помош на бегалските кампови кои се препуштени сами на себе и на волонтери, против профитот со недвижнини и сл. – иако протестантите се придржувале до мерките за растојание и заштита, тие биле приведени, што е исто така недозволен акт од страна на државата – но критиката од новинари, лекари, правници и други стручни лица беше застапена по медиумите, дури и во водечките, а тоа доведе до избегнување повеќе неправда.
Бидејќи::
неправедно е да не се доаѓа до вистината преку изнесување на факти и критики, неправедно е да се држат затворени слободните граѓани на една држава без јасни и валидни аргументи, неправедно е да не се заштитат болничарскиот персонал, постарите и заболените лица, да не се поддржат работниците, сиромашните, бездомниците, хонорарците, уметниците, културните, уметничките и социјалните заедници (да, заедници, зашто заедно сме во ова) кои застапуваат квалитетни и особено разновидни и независни проекти, кое се важни за општеството и за иднината – значи вклучувајќи квалитетни образовни и културни проекти и за деца и младинци! Значи не некоја наметната култура и образование само преку екрани и монитори, туку да дојдеме до слободата со простори за разновидност во секоја смисла, да има разноликост со некое соодветно ниво и квалитет. Квалитетни стручни лица постојат секако, треба само да им се даде простор и поддршка и да се остават да делуваат – тие веројатно ќе стремат кон подобрување на сегашноста, за да стигнеме до иднината. Со конструктивна критика и залагање за праведност и соодвентни мерки, кои ќе донесат напредок во секоја смисла – здравствена, економска, општествена, културна, образовна и пред се хумана и социјална. За тоа треба љубов кон праведноста и вистината, страв или вистина, прашање е сега… Истражувањето не е лесна работа, еве веќе извесно време се бавам со читање, промислување и вреднување на информации, мора се биде брз и спретен. Напорно е.
Новинарите, интелектуалците, поборниците за основни човекови и уставни права – каде се? Уметниците и книжевниците кулираат или творат, во ред. Сепак е малку како вицот со бабчките во Битола: – Шо прајш мор? – Ништо мор, шо да праам? – Еми шо ќе прајш?
извинете ако не е автентично со дијалектот, битно се разбираме.
И овде во Германија важи вицот, тука е нешто као: es ist halt so, па се прават стрим акции, се продаваат книги, се спомнуваат стари дешавки, плус има солидарност, се донираат средства, и јас донирав и уште ќе донирам, кој колку може – меѓутоа никој не знае до кога тоа ќе биде решение. Солидарноста и да сака, ќе нема веќе што да даде… Затоа е потребна критика. Веќе има гласови за подобрување на правата – па и во Македонија има иницијатива за заштита на обесправените и ослабените во секој поглед, и еве линк за да ги прочитате :: Барањата на таа иницијатива ::
Значи треба да ги поддржиме овие иницијативи и да поддржиме критичко мислење, кое се чини како да пропаднало в земја.
Новинари и останати што би истражувале подлабоко се ретки, затоа е добро да се консултираат и други извори на информации, надвор од вообичаените. Во Германија тоа е возможно, затоа се емитуваше и еве извадок од ова :: многу критичко интервју со двајца врвни доктори :: – едниот веќе го препорачав во првиот дел, вирологот Штрек, и еден доктор по судска медицина, кои, независно еден од друг, вршеле обдукција на починатите кои биле тестирани и дијагностицирано со ковид 19. Во нивните истражувања (едното во Хамбург другото во мало гратче) се покажало дека ниеден од починатите не починал директно од вирусот и заболувањето од ковид 19, туку од други болести. Вирусот не бил оној што ја предизвикал или убрзал смртта – напротив, велат тие и уште некои други нивни колеги, дека “ненормалните” услови под кои се третира вирусот, ја отежнуваат работата и создаваат уште поголема забуна и непотребен хаос, па и додатни заболувања – како на болничкиот персонал, заради немање соодветна опрема, притисокот и нарушената организација во самите болници – а, секако има и други фактори, како стрес и тензија. Бидејќи постојат разни пациенти, значи постои голема веројатност на инфицирање во болница, иако е некој за сосема друга болест дојден или донесен. Освен тоа имаме веќе и многу поголем број на случаи со благи симптоми и средно тешки заболувања, голем број на излчени и голем број што не ни приметиле – како и со грипалните инфекции. Неколку лекари потенцираа, дека не смее да се заборави грипот од 2017 што во Германија однесе околу 25.000 животи. Од грип се загрозени многу групи од популацијата, дури и деца, па затоа и за жал грипот однел значително повеќе животи отколку ковид 19 -, а тоа се факти што едноставно не можат да се побијат.
Корона е опасна да, но сепак не е со таква опасност, за да се преземат вакви мерки што доведуваат до хаос и нанесуваат штета на економијата и на целокупното општество. Овие работи треба да се преиспитаат и да се воспостават соодветни услови без паника и строги мерки, туку со разум, смиреност и организација.
Не е во ред да постојат вакви хаотични услови и да се преоптеретуваат овие луѓе на работа, бидејќи и општата ситуација – затвореноста и стресот што се зголемува создаваат додатни тегоби кај разни луѓе, па и кај деца. Имаше една жена социјален работник, која очајуваше дека остава семејства на цедило, дека децата може ќе бидат тепани, а таа не може да оди да ги заштити и придружува – само еден пример, можете да замислите колку ги има. Ограничувањето и
забраната за движење и одржување растојание доведуваат до други човечки катастрофи, кои немаше да се случат на овој начин. Врз основа на несразмерни и непроверени податоци за смртноста, ДА, знам дека не се бројки туку се животи, исто како и оние во Јемен, Сирија, на грчките острови, во Средоземно море, во некое македонско село каде нема доволно лекарска помош и без корона, животи исто како и на моите родители починати со свои шеесетина години, од рак и други заболувања – да умреа во време на корона, може ќе се водеа како починати од ковид 19, ама тоа беше 2007 и 2008, време без корона, ама со економската криза. Значи бројките за статистиката! – која е важна за да ја согледаме опасноста на болеста и на капитализмот – за кои веќе зборував и во првиот дел од овој осврт кон корона-кризата, се од пресудно значење, а значењето на причината за губењето на животите се менува – животите што згаснуваат не згаснуваат заради ковид 19… Тие би згаснале и од друго, а можеби и не би згаснале воопшто, ако не владеел хаос и ако се постапувало правилно со тестирањата и организацијата. Но, условите се катастрофални, какви што беа и пред ковид 19, велат повеќето од болничарите и другиот болнички персонал и докторите, сега е само поголема катастрофата која настанала и порано заради несоодветна поддршка од политиката, а сега со корона и нивниот неодговорен однос кон хаосот што не го решаваат, барем со основни средства за заштита.
Да се навратам на смртноста од други заболувања, а не од ковид 19 – тоа беше видно уште кај првата почината во Македонија, каде постоеја контрадикторности. Потоа беше ненавременото дијагностицирање и тестирање причината за смртта на еден човек – а не самиот ковид 19! Човек со тие заболувња би требало да се третира и тестира порано. Веќе имаше новинарско истражување на случајот.
Нека почиваат во мир сите починати.
Ние сме сепак тие што остануваме одговорни за она што треба да се случува со сите нас, бидејќи незаштитеноста на ризичната група, луѓе со хронични и имуни болести, и пред сè старите лица – кои заради затвореноста и забраните не добиваат доволна поддршка или пак се заедно со семејствата, а со тоа се можеби изложени на поголем ризик (ако немаат можност да имаат своја просторија ) – а најмногу во домовите за стари и изнемоштени лица, како во Германија, каде снемало персонал и доволна грижа – сите овие фактори како и малкуте часови кои може да се поминат надвор, го зголемуваат ризикот.
А и третманот на интензивна нега исто така се вели во :: едно од овие интервјуа :: дека не е препорачлив. Доколку се работи за вистинска можност да се спаси живот, в ред, но сепак кај повеќето случаи тоа е опасно, некои стручњаци сметаат дека тоа не би требало да се прави без сериозна и опширна консултација со пациентот (доколку е при свест, се разбира). Луѓето што починаа во Германија се постари лица, обдукциите покажале дека не се работело за ковид 19 како причина за смртта, а во еден случај на 59-годишен маж, се работело за пациент за кој се мислело дека бил сосема здрав, а и самиот тој мислел дека е здрав, меѓутоа обдукцијата покажала присуство на некои заболувања, кои пациентот не ги ни знаел дека ги има. Овие резултати, како и претходните излагања на научниците се од клучно значење за ова што се случува – и кое конечно мораме да го преиспитаме, за да создадеме нови подобри услови за справување со кризата. Секој живот има вредност, оваа планета има вредност што треба да и’ ја вратиме со тоа што ќе сакаме да спасиме повеќе животи, да ги спасиме нашите животи и на нашите најблиски, но и на далечните, на растенијата, водите, животните, Амазонија, да ги намалиме пожарите, несреќите, гладот, сиромаштијата, војните, стравотиите што ја уништуваат нашата планета и животите – ако создадеме соодветна клима на разумен однос кон луѓето и меѓу луѓето, како и кон сите останати животи на планетава, кои се загрозени. Не од корона, од многу други работи на буквата К: Капитал, Квантитет, Криви дрини…
Критичкото мислење, истражувачкото новинарство, истражувањето на информациите и квалитетната објава на истите се од клучно значење. Ако продолжат строгите мерки, животот ќе се претвори во домашна чаршија – или чаршија во карантин? чаршиски карантин? Ќе се најде некое соодветно име, ама името не е проблем – туку иднината, што треба ние да ја градиме, а не некој друг да ни ја гради преку ноќ или преку монитор.
КРАЈ (привремен)
Забелешка 1: За продолжение на серијата текстови за Корона, во следниот осврт планирам да се посветам на извртувањето на вистината – порано беше едноставно – преку фејк њус. Денеска тоа е поголема доктрина – вистината им се препушта на поганите усти на диктатори и мизерни капиталистички претседатели – кои се “поучени” од своите советници да ја застапуваат вистината што произлегува од научните кругови, а која веќе беше прогласена за завера!!! – за да може цел паметен свет да каже – а браво, чим ОВОЈ вака збори, нема шанси ова да е добро или вистина, мора да е некоја глупост. На крај тој – еден од најавтентичните тапоглавци на Земјава – ќе се украси со вистината и сите ќе бидеме пак под власта на швркнатиот капиталистички диктатор. Ете веќе почна, се заканува на СЗО…
А може и нема, ако почнеме да се залагаме за левичарско присвојување на истата.
Ете до таму дојдовме, а пак нема кој да критикува. Светот е во ОГРОМНА криза и слободата станува сè позагорзена, а слободното изразување станува сè поопасно, а од друга страна, пак, десничарски мрежи одеднаш се грижат за правда и вистина!!!, па ги шират демократските идеи и се “приклучуваат” на протестите за основни човекови права – ги гледаат како свои и се залагаат за одбрана на “вистината” – ова не само што е опасен парадокс, извртувањето со кое вистината ќе падне во нивни раце, туку е веројатно и начин светот да се стави во толкава забуна, за да не знае веќе како да излезе од таму. Веќе и е постигната таа цел. Забуната е ОГРОМНА како и кризата.
Забелешка 2: Инаку во неделата на Велигден се случи нешто катастрофално за една модерна демократска земја, нешто што ни на крај памет не би ни било, бидејќи наликува на филм: се уапси и се пикна во психијатрија адвокатка по медицинско право што ги критикуваше мерките на власта, и која поднесе тужба до уставниот суд против строгите мерки на владата. Ова се сериозни закани за слободата, вистината и иднината. СЛично се случи и во Швајцарија со еден критичар. Еве неколку линкови:
Англиски :: Corona crisis: Attorney Beate Bahner put in psychiatric ward
Германски :: Schweiz: Corona-Maßnahmen-Kritiker Dr. Binder verhaftet und in Psychiatrie gesperrt
Rund 200 Unterstützer demonstrierten für Beate Bahner vor Polizeirevier (plus Video)