:: Осврти ::

::07::  за романот :: 10 минути и 38 секунди во овој чуден свет :: од Елиф Шафак ::

пишува :: Александра Димитрова – Саш ::

За мене Елиф Шафак е на листата на десетте најдобри современи писатели и јас во мојата лична ранг листа на живи автори ја ставам на исто рамниште со Харуки Мураками, Орхан Памук, Маргарет Атвуд, Мишел Уелбек, Милан Кундера или Марио Варгас Љоса.

 

::06:: За „ЧОВЕК“ на Јовица Ивановски

од Александра Димитрова Саш

Многумина не читаат поезија затоа што сметаат дека не ја разбираат. Поголем број од оние што се осудиле да земат стихозбирка в рака, се откажале од читање по првите десетина страници. Само малкумина, оние најискусните и најстраствени читатели знаат да уживаат во поезија и да препознаат која поезија е добра, а која поезија не заслужува комплимент.

::5:: Александра Димитрова :: Некој бил тука :: Николина Андова Шопова

Eтаблираната поетеса Николина Андова Шоповапретставува една нова, многу силна енергија во македонската современа проза. Нејзиното прозно деби се случи во 2018 година, со романот „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“, Скопје, за кој ја доби наградата Роман на годината, што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот е одличен поради многу причини.

::04:: Александра Димитрова :: Осврт кон романот :: Просечна носталгија од Вилхелм Генацино :: превод од германски:: Елизабета Линднер 

Романот „Просечна носталгија“ е еден од романите кои на првата страница не ветува многу. Роман кој започнува сосeмa просечно, дури и монотоно, н ако сте доволно трпеливи да читате барем до третата страница, ќе ве остави без зборови. Зошто велам дека ќе ве остави без зборови на третата страница? Затоа што здодевниот опис на гледање на еден фудбалски натпревар, без никаква најава добива фантастична димензија и ликот –наратор едноставно го губи увото, односно сфаќа дека го гледа сопственото уво на подот на барот и не успева ниту да го земе со себе.

::03:: Александра Димитрова:: Осврт кон збирката раскази :Припитомување на кучката од Венко Андоновски

Сега, кога од дистанца од петнаесет години повторно му се навраќам на Венко Андоновски како автор на раскази, можам само да констатирам дека тој е најголемиот современ писател во Македонија, затоа што умее да „плива“ сосема успешно во секој книжевен жанр и да биде подеднакво брилијантен и во расказ и во роман и во драма. Првиот дел од збирката раскази „Припитомување на кучката“ е насловен „Фрески“. Веќе после првите два раскази „Сенката на мајстор Ѕвездан“ и „Припитомување на кучката“ е јасно дека Андоновски до крај ќе ни го отвори сите скриените мали тајни на локалните херои, кои поради страст го губат она што не се гледа- сенката, душата, духот, умот.

::02:: Александра Димитрова:: Осврт кон книжевното издание:: Еретички писма од Стефан Марковски

Од Прологот на новелата е видлива тенденцијата на Стефан Марковски (која ја има понатаму во целиот прозен ракопис „Еретички писма“) да користи долги и херменевтички обременети реченици, кои ги кршат синтаксичките правила на македонскиот јазик. Тенденцијата започната во прологот се провлекува и во првите неколку епизоди од новелата. Евидентно е дека авторот многу повеќе се трудел да се расфрла со латински изрази позајмени од философските читанки, но и да измислува свои зборови и сопствена синтакса на македонскиот јазик,  наместо да се посвети на сериозно прозно градење на ликовите и приказната.

::01:: Александра Димитрова:: Осврт кон книжевното издание:: Ехо на слободата од Ана Јовковска 

Воведот кој Ана Јовковска го нарекла „Ефектот на пеперутката“ многу синтетизирано ја дава сликата за збирката од триесет интервјуа и многу скромно ја опишува својата творечка вештина за правење интервјуа. Сепак таа е скромна и несуетна, што е видливо од интервјуата, иако ненаметливо потенцира дека таа како новинар никогаш не е тенденциозна и дека никогаш не врши тортура врз своите соговорници.