Стихотворба и Слика / Poem and Picture

Николина Андова-Шопова :: Хана Хененкемпер

Ајде да му избегаме на времето        DEUTSCH              ENGLISH

 

Ајде да му избегаме на времето

што ни се заканува со оптегнат лак

и нѐ нишани со малата стрелка

 

Ова сакав да ти го кажам

– ако поминам со раката низ некоја географска карта

нема да ги напипам ни планините ни врвовите

нема да се намокрам ниту да ги наполнам рацете со земја

така и ноќва кога поминуваш со раката низ моето тело

нема да најдеш ни прав ни ветер, ни остатоци

од моето име што секојпат одново се раѓа

Зашто не знам колку време помина вечерва

минута, час, година, целиот живот

можеби

 

Понекогаш кога ќе погледнам горе и долу

не знам која трага ми се чини подолга

онаа од млазот на авионот на небото

или онаа што полжавот ја оставил зад себе

 

Хана Хененкемпер :: Денови потоа, цртеж, 2013