::Став наместо Страв::

::7:: Corona :: Reality Check :: 1 :: 2 :: 3 ::

:: 1:: Корона – симбол за стравот од непознатото ИЛИ замислениот непријател и диктатурата како спасителка ::

23.03.2020

:: Елизабета Линднер ::

© :: сите права задржани :: текстот, ни во целост ни во делови, не смее да се преземе без одобрение од авторката.

Сончевата корона може да се види само при тотално помрачување на сонцето. Ова е прекрасна и симболична слика да се започне размислување за денешницата во врска со нејзиното височество: Короната како вирус.

 

 

Доколку до пред само две недели некој ми тврдеше, дека ќе дојде денот кога интелектуалци и интелектуалки, мислител(к)и, уметници и други водечки умови и креативци во нашето современо општество ќе ги поздрават тоталитаризмот и диктатурата како единствена можност “за спречување на непријателот (пандемијата)” – ќе му речев, дека не е со сите, нема шанси. Но, уште пред две недели започна тоа да се менува, кога забележав дека и мои блиски луѓе се “ментално обземени” од вирусот и дека им се лутат на “непослушните”, а моите обиди да ги поттикнам на размислување ги одбиваат по некој автоматизам (завера, невистина, вистинска опасност и сл.), бидејќи се разбира, тие им веруваат на медиумите, на платените стручњаци и на своите влади (да множина, бидејќи јас живеам со две култури, а во интернационално опкружување).  Значи веќе е се’ сосема поинаку и јас уште не можам да сфатам, дека оваа реалност со ова лудило е впрочем едно: стварност.

Нема кој да ме штипне за образ, за да проверам дали сонувам, сите сме во карантин, кој за мене не е проблем, бидејќи како слободен уметник и хонорарец ниту можам, ниту пак би сакала да го менувам – доколку е тоа слободен избор. Но кога државата ќе ми го наметне како единствена можност, ќе ми забрани движење и дружба со пријатели, а потоа ќе воведе и полициски час како дел од вонредна состојба, со образложение дека го прави тоа “за наше добро”, тогаш секако дека мора да се запрашаме, а кое е тоа “наше добро”? Што е впрочем заканата во случајов?

Јас не сум експерт за корона, ниту пак планирам да бидам, јас сум исто како и сите НИЕ, само еден обичен смртник, што се труди да ја разбере заканата и да се доближи до вистината.

 

:: ПУ ПУ! наместо ЏА или БУ! :: 

Најголемата закана ни велат дека е “ширењето на коронавирусот”, кое иако е “пребрзо”, мене сепак по ниедна логика не ми делува логично и релевантно за опасноста; како закана повеќе го гледам, за жал или среќа, губењето на здравиот разум заради стравот од нешто непознато. Медиумите совршено си ја играат својата улога која Чомски извонредно ја има претставено, па според тоа и корона насекаде ја има главната улога во моментов и е посилна од било кое разумно објаснување, кое и бездруго сите го одбиваат. Единствено бројките и кривите и статистиките на експертите одеднаш сите ги разбираат, исклучиво на оние експерти, кои работат во тесна врска со (и да не речеме: кои зависат од) светските моќници. Тоа може секој сам за себе да го провери (гугл, финансирање на WHO-СЗО), јас само кажувам свое мислење, кое се разбира повеќе очекувам да биде жестоко нападнато или одбиено, зашто за жал, во овие мигови на страв, од моите сограѓани не очекувам солидно и разумно мислење и резонирање, бидејќи тие не се во можност за тоа.

Не мислам да наметнувам мислење, ниту можам, ниту пак сакам, туку се обидувам да поттикнам на размислување, затоа нападот и навредите не ме загрижуваат толку, ме загрижува одбивањето да се размисли и да се побара логичко објаснување, да се побара вистината… и според неа да се изнајдат соодветни мерки за заштита.

Тестирањето наместо како инструмент за спречување, се употребува за вртоглави статистики со кои не се укажува на опасноста по живот, туку на брзината на ширењето на вирусот – притоа укажувајќи на нашиот недоволен имунитет за НОВИОТ КОВ-19. Се произведува хорор преку некои си бројки и статистики… Се разбира дека позитивно тестираните треба да останат во изолација, се разбира дека мерките за претпазливост кои важат за сите се во ред, но тука наидуваме на друг проблем, дали потклекнувањето на медицинските капацитети се доволни да бидат причина за тоталитаризам?  Бидејќи според мене, ова е далеку од логично и далеку од вистината, би сакала да пробаме да се доближиме до неа.

Опасноста не е иста за сите, за работниците кои се гмечат по автобуси таа не важи :: пу пу не важи :: 1:: фото од ФБ::

Ова одбивање и игнорирање на нештата од страна на интелектуалци и интелектуалки, од мислители, новинари и уметници ме шокира… иако тоа веројатно не е ништо ново во однос на вакви екстремни ситуации… Но бидејќи не пишувам теоретски текст туку правам реалити чек, нема да се бавам со истражување на овој феномен.

Значи:: Нападите ќе ги поднесам, бидејќи знам дека е нормално, и дека истото го доживуваат сите, поточно она малцинство, што се обидува да се доближи до вистината, или барем да ја поттикне отвореноста за поставување прашања и наоѓање логични одговори. Она што најмногу ме загрижува е што сите одбиваат секакви обиди за доближување до вистината и се концентрираат на мас медиумите и виралните снимки низ мрежите, и на крај полесно им е немо и доброволно да го прифатат нападот врз нашето човечко достоинство и ограничувањето на слободата – само заради стравот од корона. Но забораваат едно нешто, имено најважното:

Дека никогаш повеќе нема да можеме да си ја вратиме таа слобода. 

Едноставно не сакам да верувам, дека голем дел интелигентни и отворени луѓе молчат или уште пострашно, го повикуваат и поздравуваат тоталитаризмот! Заради својот неоснован страв (НЕОСНОВАН!!!), подготвени се да уништат културни придобивки, здруженија и настани, на кои се работело со години и децении, мали и средни претпријатија и институции, работнички и човекови права, на кои исто така луѓе се посветиле цели децении, па и речиси еден век, за сега сите заеднички да ги поништиме со една небулозна неодговорност. А да не зборуваме за работниците и сите вработени во приватни и државни институции, a да не збориме за хонорарците во науката и културата – егзистенцијата како и социјалниот, општествениот и културниот живот ќе бидат ставена во катастрпфална ситуација. И сето тоа само заради ::

:: СТРАВ :: 

Да се посветам на стравот: Корона изби во Кина, од тоталитарната земја, во која полициските забрани и контроли се секојдневие, а медиумите се регулирани од власта, се проширија вести дека ТОКМУ овие строги мерки го сотреле коронавирусот. Аха, а кои се тие веродостојни податоци и вести кои доаѓаат од една земја, која контролира буквално се’?* И како овие мерки не функционираат во Италија? Од каде вредно и посветено по светските медиуми секојдневно се шират слики и информации за стотици починати? Образложението за тоа што “неконтролирано се рашири насекаде” е исполнето со прикриен говор на омраза, додуша суптилна, па никој не ја ни забележува, вели дека Италијанците “си се сами криви зашто не биле дисциплинирани”. Значи Италијанците сами си се криви дека умираат во толку голем број… Аха. Воведувањето полициски час и контрола, следењето и документирањето на смртта од коронавирусот и дигањето медијална фама за бројот на смртните случаи (кој исто така не е сензационален, како што би сакале медиумите, види подолу!), како и вредното патетично пренесување низ социјалните мрежи – со хорор видеа од болници, емотикони на солзи и воздишки, само го потхрануваат она што веќе им е внесено на сите, она со кое се веќе сите инфицирани: стравот од непознатото.

:: COVID-19 =?? КОВ=19 = СТРАВ = ?? = SARS-CoV2 :: 

Бидејќи во денешни услови, доколку се сака, може да се најдат информации, ама треба да се бара и пред се’, ако имаше некој заинтересиран да бара надвор од мас-медиумските повторувања на едно те исто, тој секако ќе најдеше податоци: дека смртноста во Италија секоја зима е ЕНОРМНА и од обичен грип. Зошто? Затоа што Италијанците имаат добри услови за живот, живеат добро, здраво и доживуваат длабока старост, но за жал, грипот во комбинација со други заболувања, доведува до смртност на огромен дел од постарото население на Италија. Затоа, ако сакате да бидете фер спрема италијанскиот народ, кој моментално е центар на светските медиуми, не го нарекувајте “недисциплиниран” и не викајте дека “сам си е крив” и погледнете ги:: медицинските студии во кои оваа смртност е прилично јасно образложена. Игнорирањето на овие податоци не само што е неодговорно, туку е и опасно и несовесно, бидејќи шири лажни вести и омраза кон еден недолжен народ, изложен на невидена медиумска корона-драма.

За оваа состојба е секако виновно и државното штедење и кратење на средствата во здравствениот сектор (ова е случај и во многу други земји, дури и Германија), мизерни услови и преоптеретеност на болниците постои и без корона-театарот што моментално се прикажува низ цел свет, тоа е вообичаена ситуација, која сега е само дополнително зголемена, бидејќи има поголем број на луѓе, на кои истовремено им е потребна помош, а со тоа е ставена под уште поголем притисок – и под опсервација на светската јавност.

Кон фамата на социјалните мрежи се приклучуваат видеа од карантин од трауматизирани луѓе (делумно егзибиционисти, делумно тоа им е занимација), кои се преплавени од вознемирувачки слики, и следејќи како се одвива хаосот околу нив, под притисок на полицијата, медиумите и хистеријата, извадени од памет, испраќаат видео пораки и му советуваат на светот “да седи дома” и “ да не дозволи да се случи тоа што нив им се случи”. Е да, точно е дека првпат им се случува смртноста од поново грипално заболување – годинава со звучно име корона  или ковид-19– да биде под надзор на медиумите и да се пренесува низ светот под вакви услови (полиција, хистерија и карантин). Дури се појавија фотографии од воени камиони во конвој, кои наводно пренесувале тела од починатите (а на сликата тоа не се гледа, можеа да бидат полни и со оружје или со тестови за корона), кои не можеле да ги закопаат, морале да ги кремираат – и што уште не – кои не велам дека во целост не се вистина, велам само дека е до некаде во склоп на целокупната медиумско-хистерична корона-кулиса.

Кон ужасните снимки се приклучуваат и егзибиционистички пораки од болнички соби и со апратаи за дишење… јас тоа не гледам, бидејќи не знам каква смисла би имале тие во целокупниов хаос и хистерија, освен потпалување на паниката, што секако им успева, во овој свет со вечниот парадокс: уплашен а сепак желен за повеќе сензација и хорор… но да видиме до кога.

:: Фактичка опасност :: 

Друго што не се зборува по медиумите е дека коронавирусот не е воопшто нов и дека веројатно веќе бил присутен во поранешни грипални инфекции, но никој не го документирал како посебен. Веќе има  повеќе текстови во врска со тоа, но еве најрелевантен и најјасен на англиски е овој :: A fiasco in the making? As the coronavirus pandemic takes hold, we are making decisions without reliable data 

Годинава тој прекумерно се документира и изречно се инсистира на тестирање тестирање тестирање – кое нема никакво логичко објаснување, туку само ги заташкува фактите за она што е важно за еден вирус – не неговото брзо ширење, туку неговата фактичка опасност: последици од заболувањето и смртноста – и кај која група на пациенти. Тестирањето би имало смисла доколку СИТЕ ГРАЃАНИ на една држава се тестираат истовремено и позитивните се стават во карантин… Ова нормално никаде не се случува, бидејќи тестирањето чини пари – ДА – од 120-250 евра во Германија, ако имате сериозни симптоми или сте патувале во ризична земја, здравственото го презема, ако немате, а сакате да го направите, сами си плаќате (ако ви дадат термин) – а освен тоа веќе се знае, дека позитивнотоп и негативното тестирање не се секогаш 100% точни – па со самото тоа тестирањето не само што е фијаско, туку повеќе наликува на статистички, медијален циркус Корона, кој попатно носи и профит.

Еден вирус е опасен според последиците кои ги остава врз заболениот организам и смртноста која ја предизвикува кај ризичната група на пациенти, за тоа не треба да се биде лекар, треба само логично да се мисли – но за жал, овие два валидни индикатори за опасноста на коронавирусот свесно и намерно се изоставаат. Се зборува за милиони инфицирани, за многубројните мртви во Италија, а не се зборува за фактичката опасност, за развојот на болеста кај одделни пациенти, за лечењето, смртноста во комбинација со претходните заболувања кај починатите – од кои кај повеќето се знае, дека и без коронавирусот ќе умреле! – но кога ќе се тестира и најде присуството на короната, без разлика на сите останати болести – официјалната причина за смртта гласи коронавирус или ков-19. Значи многу лесна математика, нема што, ако воопшто има некој што сака да ја разбере. Но тоа тешко, игнорантноста и кодошењето “непослушни” се главната занимација во состојба на страв од непознатото.

:: Мислење во состојба на страв :: 

Во овие услови и мислењето станува невозможно, таа способност е потисната од стравот, тој е полесен и покомотен, нема што многу-многу да се замара човек, има лица кои му кажуваат што и како треба, а треба само да се најдат “соодветни мерки” и се’ ќе биде во ред. А овие соодветни мерки, се разбира, и’ се препуштаат на државата. Таa прво вели “миење раце, кивање, кашлање во лакт, нечепкање очи, нос, уста”, потоа вели “седење дома”, потоа вели “карантин”, затвора сЕ, најпрвин културни институции, клубови, кафичи, па мали претпријатија, па средни, па големи… Но сепак остава по нешто да функционира, да не згасне животот скроз. А животот не згаснува, ама се менува, а тоа се гледа по распродадената тоалетна хартија и други омилени продукти, сапуни, квасец… Луѓето се социјални суштества, потребна им е дружба, некому помалку, некому повеќе, сите ние сме различни. Меѓутоа државата, како и секогаш, би сакала сите да бидеме исти, идентични, униформирани… Ама не може. Затоа едните почнуваат своите солуѓе да ги вреѓаат и напаѓаат, затоа што биле надвор и стоеле во групи, не биле дисциплинирани – значи ИСТИ како Италијанците, кои сами си се криви за се’ тоа што им се случува, “истото ќе не’ снајде заради нив” – значи едноумието веќе е исто така јасно, а со овој однос – дали свесно или несвесно – луѓето и’ прават услуга на државата, тие стануваат нејзини редари, а таа токму тоа и го очекува: повторно да се поделат на “ние и тие”… овојпат врз основа на вирус и (не)дисциплината по однос на него. Бидејќи нашиот страв е (како што веќе знаете!) нивна моќ, а ние не ни можеме поинаку, отколку да им ја даваме таа моќ.

Нели ќе беше многу поразумно решение за сите, старите и слабите, таканаречената ризична група, посебно да се заштити, значи мерките за хигиена и основна заштита да се применуваат кај сите, меѓутоа седење дома и особена грижа кон оваа група?** Не. Државата сака СИТЕ да бидат дел од оваа стриктна програма на мерки, а како тоа? Кога тоа ние како луѓе сме биле исти и сме правеле исти работи? Дури и роботите исто да ги програмираат, пак ќе се различни, дури и кучињата, мачките, глувчињата и сите животинки имаат поинакви карактери. А како тоа одеднаш се очекува сите да бидеме исти? Зошто?

За да не функционира?

И последно прашање: Дали заканата од вирусот е навистина образложена? Или стравот е оној што е образложен и што е посилен кај оние кои спаѓаат во групата на академци, високо образувани, мислители, уметници итн.. додека кај оние “неписмените”, “простите”, “младите”, “тинејџерите” тој не е засилен, тие “висат надвор” и “ги загрозуваат сите” со некоја необјаснета опасност? Не сметам дека е во ред да се прават работи заради инат, како што често се вели за овие “непослушни граѓани”, меѓутоа ако нивниот социјален и животен инстинкт така функционира, како тоа мислиме ние да ги “преиначиме” овие луѓе? Прво со потсмев? После со ќотек? Па со казна, затвор, куршум? – па не е далеку од реалноста, тоа се следните чекори. “Зашто инаку сите ќе умреме.” Не, нема да умреме сигурно, бидејќи има логични објаснувања за опасноста на вирусот и не се умира толку многу, како што медиумите прикажуваат “во неодговорната Италија”.

Затоа е јасно: Мерки на претпазливост и двонеделен карантин, ДА! Тоталитаризам и диктатура, НЕ!

 

Ако мене ме прашате, а и да не ме прашате, сепак ќе си кажам, сметам дека некои од тие “непослушните и недисциплираните луѓе” се посимпатични од многумина од оние кои мрчат, кодошат, оговараат и омаловажуваат. Бидејќи сметам дека нивниот мозок е помалку испран, та тие интуитивно не и’ веруваат на државата, која во случајов ниту има доволно аргументи да ги затвори сите дома, ниту пак знае уверливо да презентира некакви соодветни аргументи…. Сепак поголемиот број е уверен од овие презентации, а како и зошто, мене уште ми останува нејасно.

Смртност од вирусот во Македонија не постои!*** Тој едниот смртен случај со трите тестирања или по нашки, трета среќа, (првите две пу пу не важат) за мене не е сосема веродостоен и убедлив. Освен тоа постои можност, третиот тест да бил неуспешен, односно да покажал позитивно заради “сензибилноста” – а не обратно. Како и да е, и покрај непостоење на смртни случаи и увид во заболените на интензивно, сепак стравот е присутен. Значи практично сите се плашат и преземаат мерки против “замислениот непријател”, бидејќи реален непријател не постои. Но за жал, тој замислен непријател се шири по статистиките и се вметнува во луѓето што веќе ги спомнав погоре, кои не велам дека ги оправдувам сосема, но сепак ги разбирам – и тие како потенцијални носители на замислениот непријател, вирусот, предизвикуваат негодување, омраза и гнев кај оние “свесните и совесните”, па тие почнуваат да бараат уште построги мерки за заштита, па одат дотаму, што дури и ја поздравуваат диктатурата како најдобра мерка за справување со ситуацијата. Бидејќи – и еве го сега повторно парадоксот – (отсекогаш тоталитарната) Кина и Италија – двете! успешно се справуваат со кризата на тој начин.

Дали е воопшто некој свесен за овие споредби и за димензиите на катастрофата која ќе не’ зафати, а која нема да биде коронавирусот, бидејќи тој вирус не е убиецот од кој повеќето се плашат…

Време е да се размисли за вистинскиот непријател, зашто ако ова го дозволите, ВИЕ сте тие што ќе дозволите лепење “давидови ѕвезди” на ваши солуѓе и одбележување територија со некој друг знак наместо кукаст крст, ВИЕ сте тие што несвесно, со желба да се заштитите од “имагинарниот непријател” ќе го предизвикате она, кое до ден денес ни го сопира здивот: фашизмот.

Мислите дека нема? Не, не, ВИЕ не?  Вие правите се’ исправно, но “овие другиве” се криви, тие се недисциплинирани, вакви, такви, – поинакви, непријатели! и за нив треба построги мерки… Арно ама, заборавате дека построгите мерки се за сите НАС и дека кога ќе настапи состојба на војна и следното лудило на економска криза која веќе чука на врата и кога ќе се тепате за квасец и тоалетна хартија, корона веќе нема да ја има, ама ќе има состојба на очај, сиромштија, омраза и депресија, состојба на ненормализам. И вашите деца нема никогаш да ви простат, како што не им простија и на Германците од Втората светска војна, напротив, дури и внуците до ден денес мораат да ги лечат овие семејни комплекси, – уште не завршиле – а веќе надоаѓа следната криза и веројатно следната генерација изложена на некој поинаков тоталитарен систем, благодарение на лекомисленоста, стравот и комотноста на родителите и сограѓаните, кои ниту учат нешто од историјата, ниту пак сакаат да го спречат нејзиното повторување, напротив, дури дојде време граѓаните на демократските држави да и’ аплаудираат на диктатурата, која како и секогаш – со својата цврста рака ќе ги заштити од непознатиот непријател и ќе ги сврти едни против други, за самата да триумфира – и со нови потфати да продолжи во нови профити и проекти наменети за нејзина лична употреба во кооперација со корпорациите и познатиот 1%. А ние сите заедно како и обично ќе бидеме големите лузери… Но, можеби сега ни е шансата конечно да кажеме НЕ и да се справиме со стравот и идиократизмот и останатите изми, кои како што досега веќе требало да научиме – не се соодветни за иднината,  а за сегашноста да побараме посоодветни мерки против чумата и транспарентност во согласност со здравиот разум и човековите права – бидејќи веќе повеќе светски лекари (во Швајцарија, Германија…) изјавија дека овие мерки на тоталитаризам се ПРЕТЕРАНИ и НЕПОТРЕБНИ.

::::::::::::::::::::::::::::::::

ЛИНКОВИ до текстови или видеа (англсики, гермаснки), кои ги поддржуваат овие мои размислувања::

*заради зафатеноста со други работи, незабележана од медиумите била и опширната студија за коронавирусот во Кина, која медицинарите ја објавиле во  “Science” – значи се’ друго е поважно од фактите. -види го текстот на Доктор Пиетро Вернанца.

**Доктор Пиетро Вернаца од Швајцарија вели: “Бидејќи знаеме две работи: Ако повеќе деца станат имуни, болеста ќе се рашири многу побавно. Точно она што го сакаме. И, што исто така знаеме: децата не се разболуваат и никогаш не умираат од оваа болест.
Но, треба да ги земеме предвид и сите други мерки за ограничување на ширењето. Можеби барем вреди да се размисли дали мерките за изолација првенствено треба да бидат ограничени на лицата изложени на ризик и дали младите, неранливи луѓе можат да добијат пристап до опоравување на економијата.
Не дека сега барам ставање крај на мерките. Но, ајде да размислиме за тоа. Сега.”

*** сега веќе постои, но како што е веќе погоре објаснето, нема детални информации за болестите на умрените, корона е секогаш “причина” – иако кај еден пациент, кој за жал имал проблем да дојде до тестирање – можеби се виновни “правилата за тесторање” –  Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест – како умре пациентот Р.З.

:: Зе непрецизноста на тестовите види :: [Potential False-Positive Rate Among the ‘Asymptomatic Infected Individuals’ in Close Contacts of COVID-19 Patients]

:: Видете го и кусиот осврт на Агамбен :: Giorgio Agamben: “Clarifications”

:: За тие што разбираат германски, еве интересен текст – интервју од 16.03.2020 со вирологот  Штрек (колега на Дорстен, кој е главно лице на короната во Германија и кој го изумил тестот што  се применува насекаде) :: кое завршува со зборовите:  “Околу 2.500 луѓе умираат секој ден во Германија, при што досега само  дваесет луѓе во изминатите три недели  биле доведено во врска со Сарс-2. Се разбира дека уште луѓе ќе умрат, но јас го преземам ризикот врз себе да тврдам дека: во 2020 година во Германија нема да имаме повеќе смртни случаи отколку во која било друга година.”

:: За надзорот  и контролата преку технички и дигитални можности воопшто и особено во времиња на вонредна состојба со појачана контрола, видете го текстот на англсики:: Yuval Noah Harari: the world after coronavirus

:: За повреда на правото во земјите на југоисточна Европа :: Coronavirus: Rule of law under attack in southeast Europe

:: валидни статистики за смртноста и опасноста од коронавирусот :: Swiss Propaganda Research

:: критички текстови од медиуми што се надвор од оние вообичаените – на англсики :: OffGardian  

:: Отворено писмо до канцеларката на Германија Ангела Меркел :: од микробиологот Проф. д-р Сухарит Бакди :: со англсики титл

:: Можеби е најпродуктивно да се искористи времето во карантин за планирање праведна, солидарна и здрава иднина:: Наоми Клајн :: “Coronavirus Capitalism”: Naomi Klein’s Case for Transformative Change Amid Coronavirus Pandemic

СЛЕДАТ И ДРУГИ ЛИНКОВИ ::