Време е за опскурна електроника ::
Специјална програма на овогодишниот ZDRAVO MLADI : текст/визија/звук со интернационални уметници од Берлин!
СловоКулт :: Берлин презентира современи и авангардни уметници [експериментално – мултимедијални нојз импровизатори]
Elizabeta Kostadinovska – лицето зад СловоКулт, од 2006 на релација Берлин-Скопје, е повеќејазична поетеса, интердисциплинарна уметница, мултимедијален изведувач на поетски и експериментални перформанси. Делата се интердисциплинарни и вклучуваат текст/визија/звук, потекнуваат од ликовни дела – колажи со експериментален текст, кои преминуваат во мултимедијален поетски перформанс во повеќејазична полифонија со видео и звук. Од 2022 се остварува во проектот именуван како Wortschmerz ‡ noisedestotrotz, кој веќе брои четири соработки.
Margaret Unknown – електрична гитара (), експериментална изведба и импровизација, во која ги спојува елементите на изведба, звучна архитектура и танц, како и декодирање на сублиминалните структури на моќ во рамките на јазикот и претсвесното востановување, а делата наједноставно можат да се опишат како еклектични.Со СловоКулт во Берлин е редовно дел од поставата за уметничкиот серијал SlovoKult :: Closer, кој досега имаше три успешни изданија.
JD Zazie – е експериментален DJ, звуковен уметник и живее на релација Берлин и Болцано. Како диџеј со радиофонична позадина JD Zazie низ годините истражува различен пристап на real-time манипулација на фиксиран снимен звук. Zazie учествуваше на биеналето СловоКулт :: литерАРТура во Берлин во 2020 г., како и во новиот серијал SlovoKult :: Closer #3.
За ЗДРАВО МЛАДИ – ексклузивно во Скопје, тројцата заедно ќе бидат една од нив, Wortschmerz ‡ noisedestotrotz #3.
Во првиот дел од презентацијата на звукот на уметниците во позадина ќе проследите видео-изложба на уметнички дела од СловоКулт-уметници, именувани во самото видео.