Елизабета /Линднер/ Костадиновска
е родена 1971 во Скопјe. Дипломирала германски јазик и книжевност на филолошкиот факултет “Блаже Конески” при универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје (2001), студирала Современа германска литература и Славистика на факултетите во Дрезден (ДААД стипендија 1999-2000) и Регенсбург, каде во 2005 и магистрирала. После специјалниот курс за културен менаџмент, од 2006 година се преселува во Берлин, каде оттогаш живее и работи.
Пишува песни и раскази уште во деведесеттите, но не ги објавува – по иселувањето во Германија во 2001 почнува интензивно да се бави со германска книжевност, па затоа во последните десетина години пишува поезија и куса проза претежно на германски. Досега објавила песни и кратка проза во неколку списанија (Prolog, Politisch Schreiben, Perspektive, Signaturen), како и есеи.
Во Германија во 2018 нејзина песна и расказ беа објавени во антлогијата „Rrrr“ (Gisela Verlag, Regensburg), a во 2019 во научната публикација “Окултна уметност”, приредена од Александер Греф, е застапена со есеј кој ја анализира и толкува кабалата во романот “Голем” на Гусатв Мајринк, (transcript, Bielefeld) – тема на магистерскиот труд напишан и одбранет 2005 на Универзитетот во Регенсбург.
Изработува колажи кои содржат песна од текст-монтажи и cut up (кои потоа ги преведува), цртежи (со или без експериментален текст) и се бави со експериментална поезија и интердисциплинарни и мултимедијални изведби. Учествувала на повеќе групни изложби и читања во Берлин, Скопје и Гевгелија, а во 2017 го имаше своето прво самостојно читање во (Бротфабрик) Берлин и својата прва самостојна изложба во (Концепт 37) Скопје. Уште во 2016 објавува свои текстови на поетскиот портал Fixpoetry. Нејзин колаж е на насловната страна на двојниот број 94/95 на списанието Perspektive. За 2020 ја подготвува и својата прва збрика поезија на германски и македонски јазик, која ќе ја изрази нејзината двојазичност и припадноста кон двете култури.
На македонски уште во 2009 за Блесок го објави есејот за превод на поезија “Среброљубива или алчна за пари”, кој беше објавен и на германски на SlovoKult.de. Други текстови на македонски се публицирани во 11. март 1943, текстот за “Голем” и портрет на Бенјамин Штајн.
Линднер e литературна преведувачка, уметница, поетеса, авторка, уредничка на книжевни изданија и проекти и уметнички директор на повеќе проекти. Од 2008 е основач и уредник на порталот за литература на македонски и германски, Словокулт::SlovoKult, www.slovokult.de на кој во соработка со други преведувачи на германски се презентираат македонски автори со делови од своите дела. Во 2016 Линднер го основа списанието СловоКулт на македонски www.slovokult.eu каде со рубриката „Стихотворба и слика“ редовно се објавува поезија и ликовна уметност претежно од современата независна сцена на Македонија и Германија, но и од значајни автори од други земји и јазици и од минатиот век.
Во 2015 ја основа издавачката куќа SlovoKult :: Literatur/a (СловоКулт :: Литератур/а) со седиште во Берлин.
Во септември 2017 започнува со работа и списанието со ист концепт на германски јазик: www.slovokult-literatur.de
Од 2016 започна и интензивната соработка со Здружението Арт Еквилибриум, со кое Линднер остварува повеќе книжевни и уметнички проекти. Еден од најважните е биеналето СловоКулт :: литерАРТура и Книжевната едиција СловоКулт :: Словотека
Таа својот прв книжевен превод го објави во 2004 (Валтер Фогт, Шизогорск и други раскази, ЕЗОП), но својата книжевна кариера вистински ја започна во 2008, кога интензивно започна да соработува со Игор Исаковски. За време на таа соработка таа приредува, уредува и објавува повеќе преводи од германски за Блесок, од кои би ги истакнале романите од Томас Бернхрад, Бенјамин Штајн, Инго Шулце, Вилхелм Генацино и Јудит Шалански, расказите од Клеменс Ј. Зец и Адолф Мушг, поезија од Михаел Кругер и Јурген Ненѕа. Освен овие има објавено преводи на поезија од Рајнер Марија Рилке и од Паул Целан, за кој 2014 ја доби и престижната награда „Григор Прличев“. Добитник е уште на три награди за превод на австриски автори, 2011 за „Сечење шума“ од Томас Бернхард и 2016 за „Љубовта за време на Дететоод Малштет“ од Клеменс Ј. Зец, 2018 за пеозија од Ханс Карл Артман, како и на бројни стипеднии.
Елизабета во независната книжевна сценаво Берлин се проби со своите поетски перформанси опфатени под името :: мултимедијална поезија :: за кои веќе постојат доста материјали, а сепак се планира тие да бидат поинаку документирани и објавени.
Во 2018 таа го основаше фестивалот СловоКулт :: литерАРТура кој упешно се одржа во три градови и од кој произлезе фестивалската антологија која Линднер ја конципираше и ја уреди, а која беше објавена за нејзината издавачка куќа во Берлин, SlovoKult :: Lieratur/a Berlin.
::Опширна био-библиографија на германски::