Благодариме за поддршката во Македонија (досега) на::

Ако сакате да го поддржите настанот обратете се на:: info@slovokult.de

или донирајте овде::

Go Fund Me 

::SlovoKult:: literARTour:: Гевгелија:: Скопје:: Берлин:: 2018

::DEUTSCH::    ::ENGLISH::

::СловоКулт:: литерАРТура:: во соработка меѓу онлајн-списанието SlovoKult::Literartur/a Berlin и:: Art Equlibrium 

е мал меѓународен фестивал на современа уметност, текст и поезија. Во 2018 ќе се одржи за првпат во две земји::

во Македонија::

24-26 aвгуст 2018 Гевгелија – како дел од Бош фестивалот

29-30 aвгуст 2018 Скопје – Галерија Акантус

Германија::

09-10 ноември во Берлин, Бротфабрик

Настанот вклучува групна изложба и поезија / кратка проза / текстуални фрагменти – читање и изведби на актуелна тема – оваа прва година на тема::

Fake/Fact – Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести.::

::Фестивалскиот манифест::

::Фестивалската програма::

Додатни информации, материјал со текст и слики за учесниците ::

09.09.18

Фестивалот во Македонија беше успешен! Мило ни е што дури и без никаква поддршка, ниту медиумска ниту финансиска – освен погоре наведената – успеавме да направиме квалитетни настани, да привлечеме прекрасна публика и да оставиме печат во современата култура на Македонија – бевме интернационални, бевме посебни, бевме авангардни:: Ви благодариме за интересот!

Сега останува во Берлин да биде барем приближно толку добро како во Скопје и Гевгелија! Таму имаме финансиска поддршка, но сепак, заради бројноста на настаните што постојат во градот, луѓето се многу позбунети и понеодлучни, каде би оделе. Како и да е, ние ќе си ги оствариме своите обврски најдобро што знаеме и умееме!

Фотографски импресии::

 

::од Гевгелија:: 24-26.08.18::

 

::од Скопје:: 29-30.08.18::

 

 

 

 

21.08.18

Конечно на неколку дена од настанот ви ги презентираме нашите специјални гости::
Главните уредници на списанието perspektive од Грац, Австрија, со канцеларија и во Берлин:: Списанието објавува современи текстови што отстапуваат од нормите и изобилуваат со индивидуалност и особеност, што во современата книжевност за широка употреба е реткост, бидејќи таа ги одбива “поинаквите” и ја претпочита зацртаната “леснотија”.

Светот е чудесен – ние дури и без средства за поддршка на фестивалот, успеавме да придобиеме извонредни гости од книжевната сцена на германското говорно подрачје:: Силвија Штехер и ралф. б. корте::

::Овде ви претсавуваме текстови и кратка биографија::

 

Силвија Штехер

ралф б. корте

19.08.18

Нашиот фестивал во Македонија не доби доволно поддршка и, за жал, моравме да се откажеме од присуството на некои одлични автори и уметници, кои би сакале да ги имаме на нашите настани. Затоа нивните дела ќе ви ги презентираме онлајн и на фестивалот:: На ова место поезија од::

 

:: Томас Антонич :: од збирката поезија :: 

Треперливи карпести слики од зли ноќни птици

Со уметничко дело од :: Дијана Томиќ Радевска :: Во нашите онлајн-списанија таа е претставена со неколку свои уметнички дела, кои ќе ви ги презентираме тука:: таа е исклучителна уметница, која успеавме да ја придобиеме за нашата редакција како уредничка за уметност и на која ѝ благодариме:: За плакатот, за извонредниот професионален и посветен ангажман :: Без неа групната изложба на фестивалот ќе беше многу помала, многу покомплицирана или дури и невозможна :: БЛАГОДАРНОСТ до Дијана! Ние сме среќни што таа ќе присуствува на фестивалот во сите градови – како уметница, кураторка и изложбена раководителка!

18.08.18

Една од нашите најубави обврски е да ја славиме поезијата на прерано починатите поети, кои не добиле доволно признание додека биле живи:: веќе најавивме:: Бошко Бозаџиевски:: во Гевгелија и Берлин::

Игор Исаковски :: Скопје и во Берлин ::

Уметничко дело од серијата :: Enchanté :: од Миро Масин :: ќе учествува на изложбите во Гевгелија и Скопје ::

Повеќе песни од Исаковски и повеќе дела од Масин ќе најдете овде::

Игор Исаковски::Igor Isakovski::Miro Masin::Миро Масин

17.08.18

Дела на Катрин Салентин:: Katrin Salentin:: ќе учествуваат на изложбите во сите три градови :: Гевгелија :: Скопје:: Берлин.

Уметноста на Катрин е дел од нашите содржини уште од самиот почеток:: Ова дело стана дури наша профилна слика на Фејсбук! Нејзини дела беа презентирани со поезија од Александра Димитрова Саш, која за жал годинава нема да чита на фестивалот – но веројатно следната!В о рубриката:: Стихотворба и слика со песна од:: Андреј Ал-Асади, Петер Шулеј

На СловоКулт:: Македонски

На SlovoKult:: Германски

16.08.18

:: со делото ::ОХИ::OXI::ОХИ:: на изложбите ќе го претставиме и берлинскиот уметник :: цетелман:: zettelmann:: 

На сликата е неговото дело:: остаток од пост-конечно-време:: од серијата:: објекти, бриколажи и нешта што можат да се остават негде:: 

Освен тоа би сакале да ви го презентираме интервјуто за СловоКулт:: со Дејан Дуковски од 2008 година, кое содржи извонредни мисли во врска со Балканот и во врска со неговите дела. Но, за жал досега овој текст се одржа онлајн само во преводот на германски. Оригиналот можеби ќе биде спасен од еден хард диск, а можеби и нема. (Извадок, со обратен превод)::

“На ова место би сакал да потенцирам дека стереотипот и површното гледиште за Балканот е голем проблем за Европа. Во оваа смисла, би сакал да нагласам дека почетокот на ова дело (Буре барут) е, всушност, концептот на поранешна Југославија, токму она што Европа го гради сега и ние веќе го уништивме. Но, ние како “Балкан” не треба да се сведуваме на зоолошката градина на Европа.”

14.08.18

Конечно во целост ви ги презентираме::

::Фестивалскиот манифест::

и

::Фестивалската програма::

::Од Берлин со љубов:: или Манифест за фестивалот:: од Елизабета Линднер:: ::извадок::

::Ама, ете, ние сме само обични луѓе и НИШТО не учиме. Што ќе ни е историја, кога ни служи само за создавање нови оружја, нови бизнисмени, нови пазари, нови партиски потрчковци и нови војни? Еве и нацизмот и фашизмот се повторуваат во Европа, на патот кон пропаста сме сите, а ние сакаме да зборуваме за уметност и книжевност. Кои? Каде? На телевизија? На мобилен? На инстаграм? На твитер? Таму каде што е и вистината? А каде е таа? На академските состаноци? Во мегаломанските проекти? Кај новинар*к/ите? Кај хонорарците? Кај работни*чките/ците? Кај бездомниците? Или во бескрајната површност со која сме преплавени?::

13.08.18

Негови дела ќе бидат дел од изложбите во Гевгелија и Скопје:: А во Берлин ќе биде еден од петте македонски учесници кои ќе присуствуваат лично на фестивалот:: 

Ѓорѓе Јовановиќ

До сега кај нас беа објавени негови дела со текстот (македонски и германски)::

под твоите пазуви… ::

од Симоне Кантер:: која е една од авторките што ќе читаат во Берлин::

 

12.08.18

На изложбите во Гевгелија, Скопје и Берлин со свои дела ќе биде застапен и Владимир Лукаш::

Овде ви презентираме едно дело заедно со песна од поетот, кој веќе го најавивме, но од неговата поезија никогаш не ни е доста:: Александар Кирковски:: Aleksandar Kirkovski::

 ::Галам::

Слика:: Владимир Лукаш:: Рихтер

Владимир Лукаш е и извонреден автор:: на СловоКулт:: досега со кратка проза на два јазика:: Ein kleines Wiegenlied:: 

 

10.08.18

Моќта на уметноста не би била ништо без моќта на жените во неа::

Две извонредни уметници:: кои ќе бидат дел од нашите настани во сите три града:: Гевгелија:: Скопје:. Берлин

Д.А. Лори:: со поезија

Силвија Лоренц:: со уметнички дела

На СловоКулт:: Литератур/а досега објавени со неколку творби:: делумно и на три јазика::

Д.А. Лори:: Силвија Лоренц

Лепливи зборови:: Меки градови

 

08.08.18

Пресреќни сме што Јамес Дин:: Александар Јестровиќ ќе биде со нас во сите градови::

Гевгелија:: Скопје:: Берлин

до сега кај нас објавен со дело (види подолу) за песна од Љубомир Мициќ

Повеќе дела од уметникот на линкот:: Јамес Дин

 

Jamesdin

 

07.08.18

Кампањата за поддршка ја поделивме на два дела, бидејќи едниот е комплициран за корисниците:: Можете да ни дадете поддршка и на ::KIKSTARTER:: Ви благодариме::

 

06.08.18

Имаме и видео: Музика од Бернајс Пропаганда – Лажи ме, лажи ме ::сосема погодена на нашата тема оваа година :: Уживајте!

03.08.18

Го имаме и плакатот:: Предната страна:: на задната страна ќе има дополнителни информации за час, програма, учесници, поддржувачи:: Уметничко дело и дизајн:: Дијана Томиќ Радевска

 

31.07.18

Пресреќни сме и за потврденото учество на слениве двајца врвни уметници од Македонија:: Александар Кирковски ќе чита поезија и во Гевгелија и во Скопје:: Касиопеја Наумоска ќе има ликовни творби и во Гевгелија и во Скопје::

::Констатација::

::германски::

со слика од:: Касиопеја Наумоска:: Спиј мило спиј:: 2015

 

30.07.18

Двајца други одлични уметници што ќе учествуваат на нашите настани во Македонија :: Поетот, писателот и книжевниот уредник :: Илија Ѓуровиќ од Подгорица / Берлин :: кратка биографија:: кај традуки

Ви го преставуваме со песната :: К :: на три јазици ::

И уметнички дела од Тони Шулајковски за изложбите во Гевгелија и во Скопје :: овде претставен со делото :: Небесни собитија:: 2016 :: Шулајковски беше застапен на СловоКулт :: Литератур/а од самиот почеток :: заедно со песните на :: Краус.::Crauss на два јазика:: македонски и германски

::Илија Ѓуровиќ::

К – македонски

К – српски (Црна Гора)

К- германски

 

 

 

 

28.07.18

Еден од уметниците од нашата групна изложба во Гевгелија и Скопје ќе биде ::Кристијан Крстески.

Ви презентираме уште една песна на Бошко Бозаџиевски со уметничко дело на Кристијан Крстески, кој бил близок пријател на Бозаџиевски.

На Т.С. Елиот

Германски

 

27.07.2018

Бош фестивал е посветен на македонскиот поет и театарски актер Бошко Бозаџиевски :: оваа година се навршуваат 10 години од неговата смрт и се слават 10 години Бош::

Во Гевгелија оваа годинa можете да ја посетите изложбата “Фотокопирница на љубовта” со дела на ликовни уметници, направени според кратка песна од него::

Дел од нашиот настан SlovoKult:: literARTour:: во Гевгелија ќе отстапиме на поезијата од Бошко Бозаџиевски:: на ова место ви ја презентираме песната:: Авион-птица на три јазици:: и колажот на Елизбата Линднер Костадиновска  направен со/за неа:: Вонземен вознемир:: колаж:: 2018

Македонски

English

Deutsch