Силвија   Штехер, родена 1984 година во Грац, каде живее и каде студирала германистика и славистика.  Работа со текст како лектор (меѓудругото, Kleine Zeitung) и литературна преведувачка од босански/ хрватски/ српски јазик. Соработка во Штаерските литературни патеки од средниот век. Објавува текстови и преводи во perspektive – списание за современа литература… (Грац), преводи во keine delikatessen#19 (Виена 2014), Relations1-2/2015, 1-2/2016 (Загреб).

Текст-текст-кооперација со ралф б. корте (neulich war es schon, Клагенфурт: Ritter 2015) и слика-текст-кооперација со Франц Конрад (dinosaurs in paradise, групнаизложба”Shifting Baselines”, Schaumbad, Грац2017).

Од 2015 во perspective канцеларија и редакција Грац.

 

ПО МЕЃУ БАЛКАН:: екскурс (извадок)                       ::DEUTSCH::             ::ENGLISH::

превод од германски:: Елизабета Линднер

While the rest of the continent starts the „Europeanization” of the Balkans, we start the reverse process: we balkanize Europe. Please help with your contributions. Give your images, texts, sounds to contribute to the balkanized Europe of the future, повикува еден уметнички колектив од Грац. balkanize it! а балканајзерот по професија и шалабајзерот данко рабреновиќ ти ја објаснува различноста на културата на пцуење меѓу срспкиот и германскиот, зашто во пцуење германците и србите се два различни света. германскиот го осеќам како мошне богат и прецизен јазик, идеален за технички и филозофски контексти, но кога се работи за емоции, мојот мајчин јазик е секако далеку понапред.— сега ти е јасно, зошто оној, што ти ќе го понесеш со себе на БАЛКАНОТ, носи еден бесконечен-цитат-од-хегел како фуснота, но во тагата се чувствува сосема балкијански,БАЛКИЈАНСКИ како севдах. јано мори, јано леле, севдалино, моја росна, јано мори, детелино. 

::Моника Мотеска:: од циклусот:: Апокалипса::

на ТВОЈОТ БАЛКАН нема воз што вози кон никаде, таму возат автобуси. како китови лежат на станиците во кои може да се влезе само преку кружни бариери, кога ќе се стави паричка. од ТВОЈОТ БАЛКАН се патува кон цела останата европа со автобус, а со такви автобуси за посетители и работници се патува на БАЛКАНОТ, при што шоферот на автобусот  по правило не превезува само патници, туку за некоја мала сума пари презема и лични достави, најчесто документи или животни намирници, без кои изгледа на роднините од другата страна на рутата не може да им биде добро: пити кашкавал, сланина, сарма. (а тебе ти текнува како тетка ти која живее во швајцарија до ден денес ѝ се спротивставува на глобализацијата, со тоа што како и во шеесеттите и понатаму година за година таа дома во тесин багажникот го полни со швајцарски табли чоколадо и ги изложува на повеќе сределетни процеси на топење, додека овие не стигнат кај нас, наместо истите чоколади да ги купи во австрија.) на ТВОЈОТ БАЛКАН автобускиот курир ужива повеќе доверба отколку другите поштенски патишта а дури и самите возачи од друга страна тебе како патник те прават курирка, ако за нив ја земеш едната дозволена штека MEMPHIS со себе преку граница. и трае некое извесно време додека да разбереш што сака да те праша старата жена на станицата во сараево: имено кога конечно ќе пристигне автобусот од виена, го чекала куферот полн со парчиња облека, во кои ќерка ѝ пришила банкноти.