Стихотворба:: Александар Кирковски:: Aleksandar Kirkovski::
Слика:: Касиопеја Наумоска:: Kasiopeja Naumoska::
Констатација
Малите лолити на улиците
курвата во мојот кревет
порнографијата во стихозбирката на премиерот,
фаците во автобусот,
гушнатите момче и девојка,
професорката по социологија,
аспиринот за џумкосаната глава
аргументи за констатацијата
целата површина на земјата
треба да се поплочи со бетон и да
се остави само малечко парченце
за ружата на Малиот Принц.
::Слика:: Спиј мило спиј:: 2015:: 90х90:: акрил::