::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::

Александар Кирковски:: Владимир Лукаш

Галам

Според Ивица Антески

 

Галам мека коса постојано

галам мека црвена коса

галам

несвесен

за морето, глувците

зградите, автобусите

земјата, сонцето…

сулфатоксидите

постојано

совесен галам коса

што правите

одговарам

велам галам мека црвена

јас постојано галам

мека коса галам

црвена совршено галам

мека задоволен црвена

коса галам

 

Слика:: Владимир Лукаш:: Рихтер