ралф б. корте,  р. 1963 во улм / гер. студии во констанц и грац; од 1992 година живее во Берлин. во 1990-тите, бројни наcстапи со менување на учесниците во перформанс групата shelter

од 1993 година ко-уредник на perspektive– списание за современа литература.

1995-1999 соработка со NN-fabrik.

2003 – 2015 TextTotal – литературен салон за состојбата на германската поезија (со d.holland-moritz и uwe warnke).

publikationen/publications/публикации (selection):

– unter der haut. mehr zweck prosa. (siegendorf 1997)

– baby hold on. bild text mit CD (m.T. 3. in kooperation mit klangwerkstatt berlin; siegendorf 1998)

– forward slope. fronttext und flussnoten. (klagenfurt und wien 2000)

– ralf b. korte / Elisabeth Hödl: FM dj [reading reise durch die nacht]. Ein elektronischer Briefroman. (bielefeld 2004)

– d’Annunzio. d’Annunzio.. semisphären zum comandante. (klagenfurt und wien 2008)

– Elisabeth Hödl / ralf b. korte : Galatea. Die FTIC-Ermittliungen. Kriminalroman. (graz 2011)

– ralf b. korte (mit einem exkurs von silvia stecher): neulich war schon oder (da zwischen balkan)(klagenfurt und wien 2015):: извадок на македонски:: од:: неодамна беше веќе или::

ГЕРМАНСКО-АМЕРИКАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО          ::DEUTSCH::                   ::ENGLISH::

Превод од германски:: Ксенија Чочкова

освен тоа на пример и нападот на банка е вистинско комплетно уметничко дело. а него не можеме да го закачиме во музеј на ѕид. 

норберт кнофо крехер во разговор со иво бозич, 17.04.03

020814            неодамна на пренцлауер берг слушаш парче текст од една која оставила две други да зборуваат за неа и се однесуваат театрално, стојат и рецитираат нешто за градови што веќе никому не му припаѓаат или во секој случај не тебе и не нејзе и не на оние за кои во моментот таму зборуваат, зашто како и секогаш доаѓаат некои од таму некаде и некому му го одземаат градот погледот и јазикот и потоа доаѓа војната или така нешто, нели војната со задоволство доаѓа во градовите и газдата на кафичот коментира дека сега не разбрал баш точно дали станувало збор за будимград или белпешта или некои си таму други агломерации на патот кон стамбул низ степата кражба на удобноста која пцовисува, маицата со подморница секогаш на мажот. остануваш на виното марка ПРОТОКОЛО БЕЛО како шприцер или не, ќе има и шведска маса бидејќи онаа која го напишала текстот потоа ќе ужива стипендија во константинопол и ти се прашуваш тивко дали оттаму таа ќе пишува за себе како за некоја што ќе дојде во градот кој не ѝ припаѓа и таму на други потоа ќе им одземе нешто со своето зборување на друг јазик, со своето одење со поинаков ôд

 ти некогаш си мислеше тоа е она особеното на градовите: нивните пристапности дека се места за средби за тргување или за премолчување на приказните едни од други според твоите полупијани размисли, но во парчето текст од неа што остава да го читаат двете на тој начин можеби дијалошкото звучи логично си каска така понатаму и нешто се изигрува, премногу ти мириса на разговор сам со себе си мрмориш тивко но кафичоте полн со симпатизери на кои им се допаѓа оваа која го напишала текстот бидејќи инаку стои онаму зад шанкот, некако изгледа како текстот да ја обработува темата маало или изведбата да е парче од маало, сочуваното или сопственото во отвореното кое лесно може да се изгуби кога ќе се случи нешто на пример војна или слично, испаѓа нешто помеѓу но текстот не зборува за доброто-стоење-зад-шанкот и пишување текст во кој оние пред него инаку уживале и сакаат и сега да уживаат бидејќи, но веќе знаеш, сега ова е разресена реченица