::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::

Thomas Antonic:: Томас Антонич од збирката::
Треперливи карпести слики од зли ноќни птици

::English::                        ::Deutsch::

I

Теророт сè повеќе нè опкружува,

Единственото што можеме да направиме е да продолжиме.

Ми треба само пат во твојата глава.

 

II

 

Светот се промени.

 

Ноќта се простира. По последното отекување сè ќе

поцрни. Веќе не можеш да му се спротивставиш. Си седиш и

гледаш молкум. Одеднаш сè ти се чини бесмислено и

празно. Тоа го викаат „доживотно“.

 

Осеќаш дека смртта тропа на врата

и не можеш да се придвижиш.

Но не умираш.

Не е толку едноставно.

 

Kasvoton kuolema.

Безлична смрт.

 

Не, смртта не е крајот и ова не е никакво ветување.

Додуша тажно е, ама вистинито – Зарем не мислиш така, сега, кога

скицираме убава слика, со добра музика, во едно раздвижено време?

 

Ова не е нашиот свет.

………………………………

Превод од германски:: Еизабета Линднер::

:::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

Слика:: Дијана Томиќ Радевска:: Hit the road::