::Илија Ѓуровиќ::

 

К

 

Ја немам паузата за ручек на О’Хара, оти никој не готви.

Имам работа. Возам рикша низ градот Берлин.

Го хранам Кројцкелн.

Го продолжувам боледувањето дур не ме отпуштат.

Истото го работи и татко ми во Подгорица. И тој е возач.

Девојка ми мисли дека генетски сме неработници

Ѝ велам дека сме органски интелектуалци.

Ми вели да го баталам веќе тоа грамшиевско срање

Ѝ велам дека е капиталист. Велам, капиталистка.

Ѝ велам дека одбивам да ме тормозат хипстерски гомна.

Ми вели дека во секој случај сум неработник.

Ама денес од нигде никаде ми седна на маса Карла од Костарика.

Ми рече дека е мојот ангел чувар, дека има 18-годишен син

и 16-годишна ќерка и дека во Јужна Америка сѐ уште може убаво,

убаво да се живее. Поубаво отколку во смрдливиот Берлин, ми вели.

Велам дека сум возач на рикша и дека сум среќен. Таа се смее,

убавата, црна мајка од Костарика.

:::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

Превод од српски (Црна Гора):: Д.А. Лори

:::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

 Тони Шулајковски:: Небесни собитија:: 2016
Тони Шулајковски:: Небесни собитија:: 2016