SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура:: Гевгелија:: Скопје:: Берлин:: 2018

 ::СловоКулт:: литерАРТура:: во соработка меѓу онлајн-списанието SlovoKult::Literartur/a Berlin и:: Art Equlibrium 

е мал меѓународен фестивал на современа уметност, текст и поезија. Во 2018 ќе се одржи за првпат во две земји:: Македонија и Германија::

Настанот вклучува групна изложба и поезија / кратка проза / текстуални фрагменти – читање и изведби на актуелна тема – оваа прва година на тема::

 

Fake/Fact – Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести.::

Фестивалот оддава чест на мртви поети:: со читање избрани песни од::

Бошко Бозаџиевски:: Гевгелија и Берлин

Игор Исаковски::Скопје и Берлин

 

Повелете на настаните::

24-26.08.18 во Гевгелија:: во склоп на Бош 10 фестивал ::  FACEBOOK::

 24.08.18, 20 часот, Народен театар:: повеќејазичнен книжевен настан

                   (со превод) и поетски мултимедијален перформанс

25.08.18, 19 часот, Пионерски дом: отворање на групната изложба

 

29-30.08.18 Скопје:: Галерија Акантус::

    Preview на изложбата:: 28.08.18 од 16 до 21 часот.

  29.08.18, од 18 часот – отворање на групната изложба

                      од 20 часот во градината – повеќејазичен книжевен настан

(со превод) и поетски мултимедијален перформанс

  30.08.18, изложбата може да се посети до 14 часот

 

09-10.11.18, Берлин, Бротфабрик (засебна програма)

 

гости од странство во Македонија:: писатели::

Силвија Штехер (Грац)и Ралф Б. Корте (Берлин)  – писатели и уредници на списанието за современи текстови perspektiveод Грац, Австрија:: Во Македонија ќе го претставиме списанието и новиот број – што требаше да допатува во август, но заради одмори сепак ќе излезе во септември!

Елизабета Линднер Костадиновска (Берлин/Скопје) – поетеса, (мултимедијална) уметница, писателка, литературна преведувачка, главна и одговорна уредничка  на СловоКулт:: Литератур/а, приредува книжевни изданија и организира културни проекти:: за првпат ќе ги прикаже своите мултимедијални перформанси во Македонија на македонски, досега се изведени само во Берлин на германски.

Поети од Македонија:: во Гевгелија и Скопје: Д.А. Лори и Александар Кирковски.

Само во Скопје: Исток Улчар и Марија Грубор.

Од странските поети што моравме да ги откажеме, бидејќи не добивме поддршка, ќе презентираме по една песна:

Томас Антонич (Виена) – поет, писател, публицист, доктор по книжевност и биограф на Волфганг Бауер, професор на Школата за поезија во Виена, музичар, перформер.

Илија Ѓуровиќ (Берлин/Подгорица) – поет, писател, драматург, уредник и ко-основач на издавачката куќа “Жута корњача” од Подгорица, Црна Гора

Краус:: Crauss (Зиген) – поет, есеист, прозаист, перформер, доцент по креативно пишување

Уметници од странство:: 

Силвија Лоренц (Берлин) – скулпторка, ликовна уметница, перформерка (Психотерапија)

Јамес Дин (Александар Јестровиќ, Берлин/Белград)– ликовен уметник, перформер (Психотерапија)

Од Македонија: Дијана Томиќ Радевска

Изложба:: со слики од берлинските уметници:: Катрин Салентин, Јамес Дин, Силвија Лоренц, Елизабета Линднер Костадиновска, Цетелман и од Македонија: Дијана Томиќ Радевска, Ѓорѓе Јовановиќ, Касиопеја Наумоска, Владимир Лукаш, Дороти Пачкова, Кристијан Крстески, Моника Мотеска, Миро Масин и Тони Шулајковски.

Настанот е делумно поддржан од Берин ДОО и од пријателски донации.

Пропратна програма во Ла Кања::

28.08.18, 21 часот, концерт на Лин (Line on some trip – L.O.S.T.)– кантавторка од Њујорк/Париз

30.08.18, од 21 часот:: Afterparty:: Забава за затворање на фестивалот::

поетско-музички-танцов-мултимедијален перформанс на Елизабета /Линднер/ Костадиновска:: Коцка, наша форма. Kubus, unsre Form. traum urban. Inkubus, Sukkubus (траење: 13 минути и 33 секунди) – потоа танцови звуци од независна ексјугословенска, пост-панкерска и друга прогресивна сцена:: Гостин:: Гиле од Герила радио и Елизабета:: вовед на новитетот во журкање:: Кармароке::

Во Берлин: на 10.11. од 23 часот – Afterparty во клубот Loophole.

 Информации за фестивалот:: на SlovoKult:: Македонски

Промотивно видео:: на Vimeo::