Д.А. Лори

Лепливи зборови

 

Ретко кажуваме што не е кажано претходно

Ми се крши срцево и јазикот.

Само што сакав да ја анализирам

Анатомијата на зборовите,

Умот ми застана под притисокот

На туѓите мисли и зборови

 

Немало ништо освен ова небо порано

И ни трошка се нема сменето оттогаш

 

Го гледам….

 

Голема мрзлива стоногалка од облак

Само што не ја проголтала мојата омилена ѕвезда.

Ова бледо-сино небо во бескрајно воскреснување

Ми носи повеќе одошто можам да поднесам.

Жештината ми ги омлитавува сетилата,

Воздухот е полн со лепливи мисли,

Лепливи прсти околу лепливо пенкало,


Од збирката “Будење во трето лице еднина”, Блесок Скопје, 2014

Слика::Силвија Лоренц::Soft City::2017::маслен пастел

Artwork::Silvia Lorenz::Soft City::2017::oil pastels::

https://silvialorenz.com