Бошко Бозаџиевски

 

Нa Т.С. Елиот

 

и што сега, Елиот?

што сега, Томасе?

С.?

еве

што ќе речеш сега?

светот свршува со тресок

не со јачење

што е во можност да направи

сега твојот божествено-депресивен стил?

јачи сега во она твое

за смртта сонувано кралство

јачи предолго, јачи залудно сега

јачи од твојот мртов гроб

исто како што си јачел и плачел

за првпат

кога те ваделе

во гинеколошката ординација на Сент Луис…

зошто воопшто започна да пишуваш, Томас?

пари?

не.

жена?

не.

си немал друга работа.

сексуално те малтретирале како дете.

за уметноста.

за уметност, а?

како и да е…

запомни, Томас…

светот исчезнува со тресок

страшен тресок

не со јачење

…знам. ти ќе речеш

дека сето тоа било само метафора

и едноставно ќе ме наречеш

…шуплив

::::::::::::::::::::::::::

Кристијан Крстески:: Без наслов::
Kristijan Krsteski:: Untitled