Краус.::Crauss.
од стихозбирката
Убавината на водата::Schönheit des Wassers::
превод од германски::Елизабета Линднер
ноќеска стоев
пред трупот на млада жена.
белина без светлина нарасна
од едниот крај навнатре во просторон.
зашто од болка умирам.
зашто она што останува е сон.
свет во свет, зашто сега е лето,
а криви огледала се туркаат меѓу клупи од пена;
удвоена оддаденост, песочен гнев,
кој станува нанос, веднаш штом замоци повтроно
се изградат, пријатели одново се најдат.
ракче и детуле, копиле и мако
трпно жежење: сеќавањето на тоа вечна
коприва. ужаснатоста на бранот пред разбивање
е напнатата подготвеност на детето,
да си замисли бескрајно лето.
Аудио::Свет во свет::Елизабета Линднер Костадиновска
светлината надвладува и сепак останува
дифузна. на бреговите допловуваат
стаклокожци и суштества од пена: човек
повеќе не учи да оди, кога владее апо
калиптична долгоденица!
од воздухот се пројавуваат роеви
космички огледалокрилци. рутите на возот
се прекинати поради одминувањето
на светот. на крај маглите замачкувајќи го хо
ризонтот триумфираат; сè ќе биде во ред.
Аудио::сè ќе биде во ред::Елизабета Линднер Костадиновска
Toni SHULAJKOVSKI::After all::2008
crepusculum. од долу светат ѕвездите; брегот
полумесечина. во прегледноста: заспан град,
под конец права двојна бариера во самракот.
погранични кучиња лаат, ноќта е жива. сеќавањето
денес ја дише само уште солта во воздухот. крвта
е грижливо избледена.
Аудио::Crepusculum::Елизабета Линднер Костадиновска::Soundcloud:
од збирката “Jazz & Campari”, 2005
РЕЧЕН ТРК
св. клеменс веќе се смрачува.
во дворот си играат деца.
тогаш ме задувува развигор тогаш некој
бргу исчезнува во куќата а долу кај реката
нешто ме зграпчува за утроба. колабирам.
во градот чекаат другарите а јас па трчам
кон селото кон полињата и ги размачкувам
витешките заклетви во трската.
љубовта е срање се слушам како пцујам
утрото ќе мора некогаш да осамне.
хоризонтот ми се замаглува во солзи
врне очајно. светот е преполн со
нешта што двојно се нагласуваат но јас
уште го имам вкусот на нашите лузни
во крвта. во крчмата кај распаќето на трковите
телефон. од овде веќе
не се враќам.
Повеќе за авторот и поезијата на германски:
неколку песни од “Убавината на водата” на германски и англиски::
The Beauty of Water::Assymptote
Повеќе за делата на сликарот ::