SlovoKult :: LIVE :: СловоКулт :: во живо
:: 22.09.23 :: Културно-информативен центар Скопје
СловоКулт :: Берлин како онлајн портал постои од 2008 година www.slovokult.de, од 2015 како регистрирана мала издавачка куќа, а од 2016 како двојазично онлајн-списание за современа поезија и уметност:
www.slovokult.eu
www.slovokult-literatur.de
www.slovokult.eu
www.slovokult-literatur.de
и веќе поседува етаблиран концепт на прикажување современи и авангардни уметности во иновативен, интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен контекст – презентирајќи интернационални, – но претежно македонски и германски – книжевни, ликовни и звуковни уметници, што е содржано и во поднасловот:
Текст/Визија/Звук – Text/Vision/Sound
што најдобро можете да го забележите и во уметничките видеа што СловоКулт ги продуцира:
SlovoKult на Youtube
SlovoKult на Youtube
Во соработка со Арт Еквилибриум под името
СловоКулт :: литерАРТура
реализираше две успешни изданија на биеналето за современи уметности (2018 и 2020), во Гевгелија, Скопје и Берлин, кое во 2023 се планира да се преобрази и да продолжи како серијал во Берлин и Скопје (но и други градови и држави).
Книжевен документ од биеналето е антолошката публикација во која се содржани дела од сите книжевни и ликовни уметници што учествуваа, повеќе:
http://www.slovokult.eu/index.php/slovokult-literartour-mk/

Во истата тешка 2020 година преку истата соработка започна и книжевната едиција СловоКулт :: Словотека која досега брои пет извонредни наслови:
http://www.slovokult.eu/…/slovokult-slovoteka-slovothek/
http://www.slovokult.eu/…/slovokult-slovoteka-slovothek/
Овие публикации сакаме соодветно да ги презентираме пред скопската и македнската публика, за што досега немавме прилика.
Овој настан е исто така предвесник на она што следува и срдечно ве каниме да бидете дел од нешто посебно и оригинално што нема да имате прилика да го видите по втор пат: комбинацијата и презентацијата на избрана поезија во двојазична полифонија со видео изложба и импровизиран звук од врвни уметници е единствена и неповторлива, бидејќи самиот настан се претвора во едно својствено уметничко дело.
Среќни што сме во можност да ви презентираме уметници од странство заедно со македонски колеги, бидејќи тој дел е секогаш најскап и најкомплициран.
Благодарение на поддршката од Германската амбасада во Скопје, ТРАДУКИ – книжевна мрежа за Југоисточна Европа и секако од Културно-информативниот центар и Град Скопје, ќе имате прилика да ја проследите следната
ПРОГРАМА:
19:30 часот :: мала продажна галерија: Во присуство на уметниците отворање на изложбата со дела од Ирена Паскали (Келн), Иван Ивановски (Скопје), Елизабета Костадиновска (Берлин) и Дијана Томиќ Радевска (Скопје), кои се илустрации во книжевните изданија.
20:30 часот :: Сала Империјал:
интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен настан што се состои од неколку дела:
Книжевност: Рон Винклер (Берлин) и Елизабета Костадиновска (Берлин) ќе читаат свои текстови објавени во СловоКулт :: публикации – презентирањето ќе биде двојазично и тријазично
Стихови на македонски од книжевните изданија ќе читаат македонските поети Александар Кирковски и Мануела Златкова.
Преку видео ќе презентираме поезија од Софи Рајер и Краус, кои не се во можност да присуствуваат лично на настанот.
Музика: Мартин Георгиевски (Amplidyne effect) и Андреј Татарчевски од Скопје, Валерија Мерлини (JD Zazie) и Максимилијан Богнер (Margaret Unknown) од Берлин.
Настанот ќе биде проследен со видео изложба на делата од уметниците објавени во публикациите на СловоКулт и Арт Еквилибриум и делумно изложени во продажната галерија.

Уметнички директор: Елизабета Линднер
Настанот е поддржан од ::
Германската амбасада во Скопје :: ТРАДУКИ :: Културно/информативен центар Скопје и Град Скопје ::