Sophie Reyer

(c) Hubert Sielecki

Софи Рајер :: 1983, Виена :: е австриска поетеса, писателка, доктор по филозофија и композиторка, која е професионално активна и во други културни домени: во 2010 година магистрира на композиција за музички театар во Грац (Музички универзитет). Од 2011 година студии на Академијата за медиумски уметности во Келн, каде 2013 и 2014 година дипломира. Во 2017 година докторира на Универзитетот за применети уметности во Виена со тезата: Перформанс и биомоќ. Авторка има голем опус поетски и прозни книжевни дела од повеќе различни жанрови и добитничка на повеќе стипендии и признанија. За нас е една од најинтересните современи европски авторки, не само заради неверојатниот импулс со кој твори, туку и убавината и моќта на нејзините текстови, сместени во опус од над 70 публикации, од белетристика и стручна или научна литература, во книжевни форми од поезија, романи, новели, театарски пиеси, до есеи. Активна е и како композиторка и професорка.

кај нас е застапена со поетски прилози на германски , на македонски

Од едицијата ::  СловоКулт :: Словотека 

:: 2022 :: 

::04:: Софи Рајер :: Sophie Reyer :: Избрана поезија :: Ausgewählte Lyrik

ликовни дела: Иван Ивановски

македонски превод: Елизабета Линднер

едно поглавје и со англиски превод: Марк Канак

Арт Еквилибриум и СловоКулт :: Литератур/а Берлин, 2022

 

 

повеќе за авторката на германска Википедија ::