Салваторе Амбросино (Salvatore Ambrosino)

Промени ги умовите

Не е чинот
она од кое треба да се плашиш

туку
ароганцијата

нејзината суровост
жестокост.

Во моите очи
бесен ѕвер повраќа
омраза

брка
беспомошни души

каса
раскинува

оставајќи зад себе парчиња
човечко месо
и
крв

крв насекаде.

Која е намерата

Можеби ќе ги искорениме нашите идентитети?

Ние
земји веќе посеани
Продолжуваме да никнуваме
од нашето семе.

…. Како и да е.

—————————————————

Препев на македонски јазик: Митко Гогов