Ана Голејшка

12825146_10153956278228516_883845343_n

Ana Golejshka

***

мајчината утроба
е вселена
ние, во скафандери од кожа и клетки
со цевче – папочна врвка
блиску до сите ѕвезди
во затемнет и очуден простор
се раѓаме
за таму, некогаш и некаде
да станеме астронаути
на сопствениот живот
пргаво тргнувајќи со чекор
мал за нас
голем за човештвото пред нас
растеме и храбро се вивнуваме
повторно
во мајчината утроба
со кожа и клетки
цевче – папочна врвка одамна одврзана
во затемнет и очуден простор
умираме
и така, додека не нѐ запише некој.

 

Дорит Требелјар:: Редок црн облик на инка::

Dorit Trebeljahr:: Seltene schwarze Trichterform