Цаца Савиќ

Caca Savić

таа ја напушта биографијата

DEUTSCH

круто се одлучи за заминување кон господарската рута

вежба
против искачувањето
против непрепознаениот копнеж

качување угоре
по лепливата приземност
и победа

силината на сонцето не дозволува надминување на светлосниот премин

возвишени повици јурнаа кон нејзиниот слух и оставија да падне
врз презрениот под
без секакво недоразбирање застранета
и засрамена, поскоро се движи четирножно отколку во воздух

си мислеше
го подготвуваше чекорот кон напред(ок)
погледот цврсто вперен во подземјето

се навестува врнежливо време

киселкасти мириси
во замастениот воздух
глас од креда
*************

Превод од германски::Елизабета Линднер

*************

Дијана Томиќ-Радевска::Искушение::Dijana Tomic-Radevska::Temptation