Елизабета /Линднер/ Костадиновска
Ванитас, колаж со текст, 14.-27.12.2014
(за Игор Исаковски)
ПроектирањеПостоење насекаде
да се научи да се лета
сè другода се спознае.
Во еден миг
небаре црни срчи
сè се прелева тивко. Потоа –
„ШТО СÈ?“
нашиот свет,
Тво- јот свет.
Мојот свет.
„Кој свет?“
„Што сè?“
Ништо
НИШТО
Мртовечкиот танц е впрочем вечен
како поезијата
како литературниот превод
зборовна музика во слики…
сметам јас.
(Долу лево)
Сонцето го потопи во својата светлина
истиот месинган натпис
14 зраци, речиси ноќ
колку време, години, куп слики
на кои може да се види нешто што потсетува
на огромна розова топка и шешири во разни бои
на прагот
и на својот прв велосипед
еден прозорец исчезнува
(Текст 1: колаж од исечени зборови; Текст 2: редукција на зборови во извадок од Хaри Потер, кој е еден вид “опис” на колажот)
Превод од германски:: авторката