Ѓоко Здравески
Gjoko Zdraveski
дедикар икарал
како да си се објасниш
себеси
на другите
како да ги објасниш сите свои
контрадикции
сите внатрешни спреги
дијалектиката на своето битие
како да пронајдеш хармонија
помеѓу црното и белото
помеѓу почетокот и крајот
на кругот
помеѓу првата и последната
куќа
како да ја споиш месечината со сонцето
како да направиш манастир од градот
од своето тело храм
како да влезеш меѓу луѓето
како да останеш сам со себе
мирен
како да издржиш на ветрот
од туѓи зборови
од туѓи погледи
на свет
како да не фрлиш камен
да премолчиш
најлесно е
да одмавнеш со рака
да се насмееш
како да разбираш сѐ
и себе
и светот
во себе
и вон себе
и сите свои стравови
и соништата свои
и сите понори
и сите
врвови на своите планини
како да го смириш морето
да ги растераш облаците
да станеш празен
потполно
празен
проѕирен
да се проѕреш себеси
Франк Дирш::Син
Frank Diersch::Der Sohn