::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::

::Елзе Ласкер-Шулер*::

 

Последната ѕвезда    ::DEUTSCH::

Превод од германски:: Елизабета Линднер

 

Мојот сребрен поглед заросува низ празнината,

Никогаш не насетував дека животот е шуплив.

Врз својот најлесен зрак

Се лизгам како врз ткаенина од воздух

Времето округло-угоре, топчесто-удолу,

Танцот никогаш не танцувал понеуморно.

Змијно-студено ита здивот на ветровите,

Столбови од бледи прстени се креваат

И повторно се рушат.

Што ли е оваа безвучна воздушна страдност,

Ова нишкање под мене,

Кога ќе се завртам над колкот од времето.

Нежна боја има моето движење,

Сепак мене никогаш не ме бакна свежото

Осамнување, ниту ликувајќи цутењето на утрото.

Се ближи седмиот ден –

А крајот уште не е создаден.

Капка врз капка згаснуваат

И повторно се тријат,

Во длабочините се тетерават водите

И навлегуваат во нив и се струполуваат низземно.

Диви, светкави шумоливи раце

Се пенат и повторно се губат,

И како сè се натиснува и стеснува

Во последното движење.

Пократко дишe времето

Во замокот на безвремените

Шупливи височини се прикрадуваат

И не го достигнуваат крајот,

И точка станува мојот танц

Во слеповитоста.

Слика (цртеж)::Елзе Ласкер-Шулер:: Без наслов

 

*За транскрипцијата на германските умлаути (Else Laker-Schüler) му се спротивставуваме на постоечкиот правопис, бидејќи напати се покажало дека во одредени случаи е потребна отстапка, а со тоа и соодветна реформа. Овде јасно се гледа, дека доклку напишеме Шилер – поетесата ќе делува дека има исто презиме како Фридрих Шилер, што нема врска. Истото го потенциравме и кај Krüger-Krieger, а постојат и ред други имиња, каде мора да се отстапи од стариот правопис.