Исказ::Израз
::07:: Сања Михајловиќ-Костадиновска :: Александра Петкова
Тела
Ми приоѓаш одзади и ми ги затвораш очите. Не знам кој си. Треба да погодам. Редам имиња, длабам во сеќавањата, се обидувам да те познаам по мирисот, по рапавоста на кожата, но мракот, како казна за мојата недосeтливост, не се трга.
Еве, помина веќе еден месец. Некогаш низ свеста ќе ми пролета мислата нагло да се свртам и да ти ја расипам играта, твоето нечујно кикотење да се разлее во гласна смеа на препознавањето, но сепак, претпочитам да чекам сам да ми се откриеш. И живееме така. Јас, со превез од раце, ти, со очи во дланките.
::Лавиринт::