Исказ::Израз

::06:: Исказ:: Владимир Лукаш::

Полуприказна

Се пресеков на пола. Едната моја половина сакаше бринети, другата блондики. Едната моја половина сакаше класична музика, другата турбофолк. Едната запотена нога ми мирисаше на кисела зелка, другата на расипани јајца. Едната половина ми стана прозападна, другата происточна. Двете половини од мене почнаа да се мразат и да се закануваат со нуклеарни војни. Се разделивме и секој полу-јас тргна на својата страна. Веќе никогаш нема да бидеме заедно во добро и во зло, се’ додека смртта не не’ обедини.
Амин.

::Израз:: Милан Андов::

Милан Андов:: Milan Andov::