:: Јосип Коцев ::

:: Saudade ::

 

Зашто сржта твоја е

недофатна како денот,

боли на местата каде минува.

Зашто си и росно утро,

и врело пладне,

и тивка вечер.

Зашто ми го гониш сонот

додека гледам како заоѓаш

пред мене во најубави бои.

Зашто денот си оди,

а сè е премногу за првпат,

и сè е премалку за само еднаш.

saudade, saudade…

Во собава со јужни ѕидови,

смртноста повива беспаќа

и на маж, и на жена, и на дете,

сите тргнати по тебе во едно тело.

Течат облаци на небесното корито,

липите го одвиткуваат својот мирис,

памукот на гибелта натопува душа,

јазикот на ништото се готви за беседа.

Сè ги чека твоите раце од ветар

да ја расеат пепелта.

 

:: Слика :: Ши Јонг :: SHI YONG :: од истоимената изложба во Лисабон

Видео :: од изложеното дело:: Video:: of the exhibited work ::