::СловоКулт::Литератур/a Берлин & Арт::Еквилибриум:
ви претставуваат::
Не турска, не шпанска, туку::
Книжевна Серија::Поети читаат Проза::
Снежана Стојчевска::Ѓоко Здравески
читаат од расказите на Инго Шулце од збирката “Мобилен”,
превод од гермаснки Елизабета Линднер, Блесок 2009
Модерација::Марија Стојанова

%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bd

Инго Шулце, Мобилен – тринаесет приказни во стар манир

Нема литература, или епифанија во недела навечер

Можеби имав испиено премногу. Тоа би било наједноставното објаснување, се разбира, ама едно второ објаснување, како да кажам…

Можам да ви го раскажам само она одоколу, а она најбитното – тогаш ќе помислите дека сум чакнат. Тоа можеби и самите го знаете, или…

Гледано однадвор, тоа изгледа сосема едноставно.

Ете, веќе поминаа повеќе недели. Беше недела. Утрото отпатувавме во нашата колиба во Приерос, за да побегнеме од горештината, барем еден ден. Под боровите е секогаш три-четири степени постудено отколку во Берлин, Клара и Франциска можат да трчкаат голи наоколу, ние по кратки панталони, секој она- ка како му одговара, а Тифенското Езеро е на еден скок од овде.

Околу дванаесет дојде мајка ми, во багажникот носеше цел сад салата од компири – тој сад со боја на слонова коска го знам откога знам за себе. Садот та- каречи отсекогаш постоел. Кратко после мајка ми, дојдоа и М. и Е., двете прија- телки, кои се беа најавиле за попладнето. Ми беше непријатно што ме гледаат како меѓу терасата и шупата со гребло ги собирам боровите шишарки и иглички. Ама верувајте ми, многу е пријатно босоног да се гази врз мовта. Освен тоа, ќе биде упадливо доколку само кај нас останат на земја да лежат гранките, шишар- ките и игличките. Работата со гребло е дел од најмувањето ваков посед.

Поради горештината, во предвид доаѓа само електричната скара, колба- сите и раженот се од самопослуга, ама тие имаат многу добри колбаси. Наплад- не ретко пијам пиво, а и воопшто не сум некој што пие многу алкохол. Ама, па, со скара си оди пиво. Беше жешко и бев жеден, а пивото што го имавме во подрумот уште од минатиот пат, беше убаво ладно. Испив две или три шишиња до скарата, па уште едно или две на маса. Сите пиеја пиво, освен децата, се разби- ра. Додека да трепнеш, гајбата се испразни. М. и Е., двете пријателки, се шегуваа за диеталната салата од компири, исто како што се подбиваа и за раскршеното тесто на колачот, кое само ја држеше глазурата врз јагодите. Но потоа сепак јаизедоа салатата од компири и колбасите. На Наталија и на мене ни беше вкусен колачот таков каков што беше.

За да заспијат децата, јас и Наталија завртевме еден круг со двојната ко- личка, ама кучињата на соседните поседи лаеја, и Франциска постојано викаше „Ав ав! Ав ав!“, а Клара ја имитираше Франциска. Се откажавме од тоа да ги зас- пиеме децата, ги спакувавме стварите за на плажа и отидовме до езерото. Ната- лија и јас отпливавме на другиот брег, додека М. и Е. се сончаа, а мајка ми со Клара и Франциска седеше во еден заврзан чамец и патуваше кон Америка, до таму и назад, до таму и назад. Во Америка, така вика Е., чиј син живее во Кали- форнија, нема да смееме да ги пуштаме децата вака голи да се шетаат. Можно е, си помислив и кај нас ќе биде наскоро како во Америка. Прво во Америка, а потоа кај нас.

Пред М. и Е. да си заминат, го испивме просекото што го донесоа – тие двете најрадо пиеја просеко – бидејќи ете, конечно се имаше убаво оладено, и го изедовме колачот со преостанатиот шлаг. Потоа М. и Е., двете пријателки, си заминаа. Ние стоевме на шумската патека и им мавтавме, а тие мавтаа нанадвор од двете страни на автомобилот. Сонцето светеше низ боровите во дигнатата прашина, а Наталија рече да останеме овде ноќеска, доволно би било доколку утре изутрина се вратиме во Берлин.

„Па тоа можеше и порано да ни текне“; реков јас, како сè до сега да не беше недела. „Дојдете деца“, рече мајка ми, „е дури сега ќе си направиме да ни биде навистина пријатно.“

Никој не сакаше да ја раскрене или избрише масата. Мајка ми само го стави млекото во фрижидер. „Ах, имаме уште едно шише просеко“, извика таа од внатре.

„Тоа ќе го испиеме сега како награда“, реков јас. Веќе и не знам зошто зборував за награда, ама беше горештина, а просекото беше навистина добро.

Можам да си замислам како звучи ова за непознати, само ждерење и ло- кање.

Клара и Франциска ги растураа старите пластични калапи за песочник кои ги најдоа во шупата. Мајка ми лежеше во висечката лежалка и квачеше врз тешката варијанта на судоку од „Тагесшпигел“, што после една долга дискусија ѝ го оставија М. и Е., двете пријателки. Наталија седеше на маса со скрстени нозе и потпрена, со остатокот од весникот во скутот, и се обидуваше да чита. Ама Клара постојано прашуваше: „Што вика кралицата на ноќта, кога ниедно дете не сака да си игра со неа? Дали е тогаш тажна, ако Трнорушка е поубава од неа?“ Ова понекогаш трае со саати.

Наместо да седнам во кола и да слушам радио, се бев јавил кај нашата пријателка С., за да ја прашам како заврши мечот Англија против Еквадор и кој игра вечерва. Таа сакаше од мене да дознае зошто многу писатели го сметаат ге- нитивот за претенциозен и веќе не го употребуваат. Не ми е познато никакво објаснување за тоа, ама сакав да го запаметам описот „загрозен по вкус“ што таа го употреби.

Со уште непрочитаната книга раскази од Ајала во едната рака, и со шише- то со остатокот од просекото, кое во меѓувреме веќе беше замлачено, во друга- та, си легнав на едно ќебе кое беше распостелено да се проветри.

Одненадеж добив желба да седам во холивудска лулашка. Навистина размислував каде може да се купат холивудски лулашки и колку скапи би биле, и помислив дека транспортот веројатно би чинел колку и самата лулашка.

Низ очилата за сонце небото беше сино како во Италија, а гранките од бо- ровите беа гранки од пинии. Повремено шумолеше. За мене тоа секогаш звучи како да минува воз низ шума, како порано низ дрезденската шума18. Потоа пак си замислував дека небото е вода а боровите водни растенија. Мора да сум зад- ремал неколку секунди – и се разбудив кога Франциска претрча многу близу до мојата глава. Таа се смееше, да, воскликнуваше. Трчаше толку бргу што помис- лив дека ќе падне, а бидејќи таму, во правецот во кој таа тапкаше го немав из- метено делот од шумата, се плашев дека може да се повреди. Дури се досетив и на лисицата, која минатата година се осмели да дојде до дупката за ѓубре и нè набљудуваше, лисица со беснило.

Франциска застана, го навали торзото напред, ја испружи раката и изви- ка: „Ееве оова, ееве оова?“

Тоа беше навистина прекрасно, едно големо парче беспрекорна кора од портокал, што некој го имаше фрлено врз нашата ограда. „Кора од портокал“, реков јас. „Штоо?“, праша таа. „Кора од портокал“ повторив јас. „Штоо?“ – „Кора од портокал“, извикав јас. „Ееве ова?“ Кора од портокал и уште еднаш, кора од портокал. И одненадеж сфатив: кора од портокал! Франциска веднаш ме разб- ра. Таа разбра по мојата интонација или по што било дека конечно ѝ го имав да- дено вистинското објаснување. Двајцата ја набљудувавме кората од портокал а со неа и чудото дека и кората од портокал и ние и сите и сè постоеше, токму та- ка, целото чудо. Повеќе нема што да се каже, ве молам не барајте дополнителни објаснувања. Го сфативме чудото дека постоиме. Точка. Зарем да кажам дека нè видов нас во скутот на вселената? Ама не нè видов само нас, туку сите и сè. И се- која и секој и секое, ама не така, како да фрлам поглед на нешто, туку така, како секоја и секој и секое да беше сосема близу. Бевме препуштени на сета одврат- ност и на сета човечност и на сета грдотија и на сета убавина. Не бев одделен од тоа, немаше ништо помеѓу, меѓу мене, нас и сè.

Не сум нетокму па да тврдам дека сум видел атомско јадро или дека сум го здогледал Ајнштајновиот простор. Ама сепак, беше некако слично така.

Кога ќе го изговорам, станува нонсенс. Дури да трепнеш, а за тоа време разбрав сè. Ништо, ништо не беше изгубено. Го видов и една воздишка подоцна знаев дека ништо повеќе не гледам, завесата беше спуштена.

На внатрешната страна од кората на портокалот лазеа мравки, кои ја до- ведоа Франциска до ново смеење и „Ееве оова? и „Штоо?“. „Ова се мравки“, ре- ков, „мравки“, и се свртев. После неколку чекори се обѕрнав. „Мравки“, реков, се вратив назад и сакав да ѝ ја земам од рака кората од портокал. „Не, не“, врес- каше таа. Па ѝ ја оставив кората од портокал со мравките и повторно си легнав на ќебето.

Не можам да кажам дека бев растревожен или среќен или тажен. Само мислев на тоа дека навистина би било убаво кога човек пред да умре би можел да го види набрзина целиот свој живот, бидејќи тогаш и овој миг ќе биде дел од тоа, овој миг и ова попладне.

Но, како што реков, можеби едноставно имав премногу испиено; навис- тина беше многу топло. Кога нешто пред десет часот за последен пат погледнав на термометарот, сината жива покажуваше дваесет и девет степени Целзиусови. Замислете си само, дваесет и девет степени Целзиусови навечер во десет!