::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::
Андреј Ал-Асади
Andrej Al-Asadi
Летна соната за мојот град
Во мојов град
само сонцето е бесплатно
и воздух што смрди на застоено кисело млеко,
кога се враќаш накај дома
во четри часот попладне,
работници копаат
под секое клопче градска мувла
како да бараат леден сок
дупки да наполнат каде што заби немаат.
Во мојот град, летно време
белиот сон шета по напуштени улици
и стигнува да ти капне мирис на квасец в уши
за никогаш повеќе да не ти текне
да пееш за овој град… што ги оплакува живите.