Стихотворба и Слика / Poem and Picture

Андреј Ал-Асади :: Кристијан Крстески

Ќе победиме

О, ти, свету
– Непоколеблив пакоснику
Безимен пророку
Што во девет грла огнени
Го таиш плачот исконски свој
Под судбински мрак што ги закопа
Сите бисери свои, свету
Нели го турна Ибрахим кон пустината
На првпат да се прелажеш
– Ибрахим почна да разговара
Со пустината во себе
Свету, о, не
Што со лесна рака расфрлаш
Деца ко полен да се
Од едно кон друго катче на векот
И танцуваш ко жар
Под кожата на вљубеникот, свету
Грст луѓе – бегалци – што фрлаш
Ко пердуви да се в море
На долго и болежливо патување
Со усвитена надеж и бесконечно разочарување
Обременети
Ги пречекуваш од другата страна, нели
Со дланки полни трње,
– на твојта златна чинија – крастав мор
„Грозомор!“, еднаш олцна црноокиот поет
Свету, о, ти
Љубиме
Да те љубиме
И ќе те љубиме, свету
Сврти се
И бар еднаш прости
Сепак, ние мора да стигнеме.

 

Кристијан Крстески:: Без наслов::