Стихотворба и Слика / Poem and Picture
Анеке Брасинга :: Иван Ивановски
Anneke Brassinga :: Ivan Ivanovski
Лозинки
превод од холандски: Зоран Радически
Толку се извежбав во чекање,
што се престрашив кога некој дојде;
Не бев слушнала за него од ниеден извор
сепак го препознав по првиот кажан збор
и веќе не мислев на чекањето.
Две горили, страст и ненаситност,
ја чуваа портата одозгора;
на еден брод, камуфлирани во чаршафи
влегуваме во градот, минувајќи под нив.
Торбата со торти остана затворена,
заштедени од мојата уста со години;
никогаш немаше време, никогаш од време сити,
за да се избегне одлагањето.
Сега сме толку извежбани да чекаме
што тоа, како дете, нам ни припаѓа.
Иван Ивановски:: Праг:: Ivan Ivanovski:: Threshold::