Стихотворба и Слика / Poem and Picture
Краус.:: Тони Шулајковски::
Crauss.
од стихозбирката
Убавината на водата::Schönheit des Wassers::
свет во свет, зашто сега е лето,
а криви огледала се туркаат меѓу клупи од пена;
удвоена оддаденост, песочен гнев,
кој станува нанос, веднаш штом замоци повторно
се изградат, пријатели одново се најдат.
ракче и детуле, копиле и мако
трпно жежење: сеќавањето на тоа вечна
коприва. ужаснатоста на бранот пред разбивање
е напнатата подготвеност на детето,
да си замисли бескрајно лето.
превод од германски::Елизабета Линднер
Тони Шулајковски:: Понекогаш наоѓам добра причина да зборувам::

………….
од стихозбирката::Убавината на водата::Schönheit des Wassers::
Повеќе за авторот и поезијата на германски: