::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::

     ::Диме Данoв:: Горан Стојчетовиќ::

 

Диме Данoв:: Второ мечтаење

Во темна ноќ гневна од гужва,
тажна од те-па-те исто.
Таква бедна од самотија,
што си ја распарува мистеријата.
На таква баш се раѓаат ангели!
Тие херувими што ги знам,
со очи полни блескава незнајност,
со детска љубов и недоразбирање,
со раце една сила бурзумна!
Во таква ноќ полна Буковски,
Дионис, крв и насилен бунт.
Се коваат зборови нови,
со кои ќе се изгради кула од зелени шишиња.
Иопштество што живее за шутка
и џоинт и цигара и бокле.
Со сто денари во џеб и немир горе во умот,
и немир во раце,
и немир во очи,
и нестабилен здив,
и испукани усни,
и пореметено либидо од депресија!
Низ игра немирна со калта
и глината од која сме створени,
ама вдуховени од оган
и од звук доведени до збор
и крик и плач и крик пак,
и долг плач, и на крај урлик!
Како да останам овде
кога ме трие оваа ништост?!
Живеам во страв од секундите
што ги полнат минутите,
што ги најавуваат часовите,
кои го најавуваат новото утро
кое го преспивам.
Исал ноќта ја чекам што молчи,
за јас да можам да му урлам на светот.
Ида му бидам гневен,
и да му ги земам парите.
Или да мечтам за платените сметки,
завршеното школо без преполагање,
и вработување подолго од месец,
и плата на време,
и можеби некоја мома-
две-три.
Ивино пак,
и цигара една,
и девојка пак
или две-три,
и бокле вино повторно-
можеби четири.
Во ноќта со вас доаѓам,
да бидам инициран во небесната
игра на магија и солзи.
Да се најдам во модрите далечини
со омодрени тупаници,
омодрени раце,
омодрени очи,
омодрени нозе,
модри желби,
модри модри
модри злоби да роди ноќта,
и да ги љубам и ебам
ко што ја љубат сеништата неа!
Ме прегрнуваат тие калеши духови,
со коштан срца
и цели крв,
наспроти штуроста во денот!
По нас се загнати песовите на времето,
но има еден друг свет,
без време,
без тмур,
без глад.

 

Горан Стојчетовиќ:: Goran Stoječetović::

::прашањето за анима и страв од кастрација::

::the question of anima and fear of castration::