Стихотворба и Слика / Poem and Picture

:: Гундула Шифер :: Тања Балаќ ::

:: Gundula Schiffer :: Tanja Balac ::

 

тој што ни самиот не знае ниту една песна да испее

:: DEUTSCH ::

 

постојано двократно постојам

се чувствувам како близнак

одвоен во тегла за зимница (ајде качи

се кокиче горе по скалата

и направи ми и времето

да биде убаво).

 

ова е песна и победа

на мојот живот над едноставната смрт

од коска и кожа, која на отворено поле,

на сите страни е распослана (та и бурата и′ го тегне

капутот и ја издишува уште повеќе).

 

отсестрено и кратко по колевката

мојата птица си ги исцрцорува кривите крилја,

гркланот станува суша во таа душа. оттргнатото

младенче, одведеното пиленце (се засили

бурата, а таа со сè постудено срце, го фрли

капутот како мрежа, големиот ловец на

птици. завидлив е оној што ни самиот не знае ниту

една песна да испее). нашето јајце, повторно проголтано вземи,

иако уште одамна беше напукнато –

 

затоа веројатно постојано нè пишувам преведувам заедно:

бевме една до друга, две девојчиња, розoво и сино.

сега, ко двете мои раце, во себе, за благослов,

го делам протокот на нашите два гласа

:::::

Превод од германски :: Елизабета Линднер

 

:: Тања Балаќ :: Процеп :: пастел, 2006