Стихотворба и Слика / Poem and Picture

Исток Улчар :: Ѓорѓе Јовановиќ

РЕПУБЛИКА ДИСТОПИЈА

Deutsch :: English

 

Make war, not love!

 

Модерни вештерки го облетуваат

небото јавајќи правосмукалки.

 

Специјалитет на денот низ пицериите

е капричоза со халуциногени печурки.

 

Судот ги прогласува

проститутките за невини.

 

Робијашите ги одлежуваат своите

затворски казни до животно.

 

Се води јавна расправа околу тоа

кој има права, а кој – отсечка.

 

Децата прават Стиропорко

наместо Снешко Белчо.

 

Момчињата јадат шеќерен силикон,

а мажите лижат волнени гради.

 

Политичарите градат резиденции

во нашите фрижидери и шпајзови.

 

„Трајко Бошкоски – Тарцан“ е

новоотворениот трговски центар

во Метрополата на Републиката.

 

Просјакот го вее државното знаме,

кое е голема платнена банкнота.

 

Вестите и порнографските филмови

ги заменија термините на телевизиско емитување,

а гледачите не ја забележаа разликата.

 

Во храмовите горат

свеќи во облик на пенис.

 

За да го егзекутира на електрична столица,

џелатот го истрижа Самсон,

без да знае дека веќе му ја одзел силата.

 

Само што се врати на овој свет,

Исус беше уапсен поради

немање пасош и лична карта.

 

На древните императори им

подаруваме идентитети за роденден,

зашто веќе ни тие не знаат

на кој народ му припаѓаат.

 

Воените ветерани кои

живеат во инвалидски колички

се најбараните стенд-ап комичари.

 

Локалниот музички состав го

изведува својот хит „*** ја цензурата!“

 

Најлесно запалива материја се

страниците со вести од културата.

 

Потребни се гас-маски кои ќе

штитат од смогот од реклами.

 

Во аптеките се продаваат

презервативи за повеќекратна употреба.

 

Гинекологот ја силувал својата

пациентка, а потоа ѝ се извинил.

 

Животните во фармата протестираат

зашто нивното месо нема да биде

обрабаотено по HACCP-стандардите.

 

Граничните цариници ги запленија

играчките на Дедо Мраз, зашто дел

од нив содржеле токсични супстанци.

 

На црниот пазар, по ниски цени

се продаваат спокој и тишина.

 

Ах, таа моја чудесна земја!

:::::::::::::::::::::::::::::::::::::::

:: Ѓорѓе Јовановиќ ::