Стихотворба и Слика / Poem and Picture

Јовица Ивановски :: Ајке Леуен

Jovica Ivanovski :: Eike Laeuen

 

МИТИНГАШКА

 

Се тресат куќи, маршираат поклоници.

Може ли мостот да издржи олку морони?

Набиени небаре излегуваат од стадион,

или, пак, ги водат на групно туширање.

Устите расчепени – нека се ори песна!

Ветерот ги пегла знамињата што им

одолеале на сите сончеви денови во

годината (ете зошто се избледени).

Нека врне, чадорот не му е роднина

на родољубието!

Грбот на државата се носи на гради,

над срцето изнедрено од мајката-родина

и од партијата која не е маќеа.

Би влегле во оган за неа, би ја

ебеле комшиката (ако мораат),

би ѝ го убиле мажот (ако треба).

Без партијата би биле безлични,

никои и ништо. Таа ги очеличила,

ги надоила со сигурност, со верба.

Уште само да победат на изборите

и да ги добијат заслужените

очекувани значајни функции…

Дури тогаш ќе ја покажат својата

вистинска љувов кон татковината;

дограбувајќи го и она малку што

останало неограбено од

претходните патриоти.

:::::::::::::::::::

Ајке Леуен :: Без наслов, од серијата ::Цртежи во кревет:: 2007/цијанотипија 2015