Стихотворба и Слика / Poem and Picture
::Јурген Ненѕа :: Ирена Паскали::
::Jürgen Nendza :: Irena Paskali::
СЕКОЈДНЕВНО се поместува работ на помнењето
и она што сакавме да кажеме: јаболкото не знае
дека времето нè произнесува. Во нашите дланки
се поти големо езеро а светот
повторно започнува, нежно како шепот
над портата од градината, како пајажина
која прикачува средиште во воздухот, демнејќи
ја заемната поврзаност. Си замислуваме во низи,
масата поставена, а кога тишината ќе се
отвори: на улицата љубовта оди во пекарница
нема како срна. Ѕемнењето се провлекува
низ тапетот. Сега тешкотијата е само косот.
::Превод од германски:: Елизабета Линднер
(Од тројазичната стихозбирка “Во некои денови”, Блесок, 2014)
::Ирена Паскали::