Мануела Златкова
Manuela Zlatkova
Димензија на зијан
Немирот на нашите души
еднаш ќе пресече
до кај треба да одиме
во бездна,
кога е ден за самоубиство
и кога треба да се заљубиме
во враќањето на луѓето
што биле до нас
кога сме губеле емоции во капитализмот,
сме криеле зло да не нè сетат децата
носени во утроба,
затворени во мало небо
во овој космос на преброени ѕвезди.
Лицата си ги претвараме во
анимирани цртежи на карактери
што се борат во свет на лудост
од болести на најкревките клетки
создаваме тумор од лаги и несоници,
од љубов се одљубуваме за да се убиеме,
а се преправаме дека сме се преродиле
во нова форма
димензија на зијан.