::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::
Марија Грубор
Marija Grubor
Месечина
(инспирирано од темата Moon на македонскиот инструментален бенд Filch)
врне бол.
умобол.
паробол.
срцебол.
костозглобобол.
дожд од бол.
дождобол.
ракоплеска светот.
месечина пее и
веќе можам да те видам
токму меѓу два облака куробол,
блед, црн и чумосан
сред една ко ниедна
чаршиска дупка
и се чини оти грмиш, кинеш
грмиш како грмогнев, громосмев,
лаеш како шугав пес,
болно и подло на шанкот налактен
ама тие кои те знаат уште од девојче,
под плаштот на блесав џез и општа недоделканост
те гледаат
под полна месечина
блед, црн и чумосан
сред едно ко ниедно
опустошено нивје
ѕвезда една, ене две
додека мирисаш на суво полско цвеќе
полеано со бензин
додека гори
во сеноќта
и знаат
оти уствари
ти само нејќеш муабет.
