Стихотворба и Слика / Poem and Picture
Paul Celan :: Паул Целан
КОРОНА
Есента од дланката ми го јаде својот лист: пријатели сме.
Го лупиме времето од лешниците и го учиме да оди:
времето се враќа назад во лушпата.
Во огледалото е недела,
во сонот се спие,
устата говори навистина.
Моето око се спушта надолу кон половоста на љубената:
се гледаме,
си кажуваме нешто темно,
се љубиме еден со друг како мак и помнење,
спиеме како вино во школките,
како морето во крвавиот зрак на месечината.
Стоиме прегрнати во прозорецот, нè гледаат од улица:
време е човек да знае!
Време е каменот да се натера да цути,
а немирот да чука срце.
Време е да биде време.
Време е.
:: Превод од германски :: Елизабета Линднер ::

CORONA