::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::
::Рон Винклер :: Катрин Салентин
::Ron Winkler :: Katrin Salentin
Превод од германски:: Ксенија Чочкова
Macedonian translation:: Ksenija Čočkova
Медиумот се срами. На комарците сум им
пријатен. Утрината од вчерашното денес
танцував во неограничената булка. Станав русокос.
Бев речиси нефатлив. Исто и комарците.
И градежниците имаат стетоскопи, зашто дури и ефектот на близина
е сеништен. Дали нѐ вкрстија нивните патишта? Не знам,
но снегот денес падна само на ширина од 3,14 м., затоа пак
дијаметрално низ градот. Кој е евентуално само трговска зона
со мошне многу станбен простор. Ми годи тоа, имам пулс во мирување
од а-б-б-а. И сето тоа под погрешно разбраното сонце.
Патека 52 Deutsch
Проѕирни ѕидови. Да се изгубиш за да запреш.
Сета земја е далеку од мене. Последните пеперутки
паѓаат од дрвјата. Контури на Кина,
едвај распознатливи. Слично се разлага и моето тело.
Регистирирам силина,
Средоземното Море. Покриено од курсорот, од старото месо.
Морето кое ме соединува. На работ создава
„брзо“ – на многу повисоко ниво на заплет од мене.
Што се однесува до мене, не сум вистински инволвиран,
јас само ја поставувам четата. Луѓето не прават ништо
за да го пресретнат. Едноставно
си наседнуваат. Тоа го преиначи начинот на кој ја допирам прашината
во сосема спротивното.