::Стихотворба и слика:: Poem and Picture::
::Василија Иконому:: Дороти Пачкова::
ПРАВИЛА ЗА ЕДНА ИГРА
Вечерва сум куче
ако ти си маче
и тоа не би значело повеќе
одошто сега се разбира
Но немој да се заплеткаш и
да поверуваш во мојата вера
Те молам
да му поверуваш на јазиков
што останува упорен
Да им поверуваш на забиве –
предупредувам
и секако
да не ѝ поверуваш на опашкава
Обиди се да избегнуваш преводи
за стабилноста на висината
или за скапотијата на ритмот
-немаат ништо заедничко со среќата
Те молам да му поверуваш на гладот мој
и над се’
поверувај
во изворната
моја животинска
намера
да заспијам
врз твоите нозе
Превод од грчки:: Томислав Османли
Слика:: Дороти Пачкова:: Без наслов::